Сте добиле подарок од нарцисоиден човек? Внимавајте! Нештата не се такви какви што изгледаат

Само затоа што нарцисите се љубезни не значи дека не се обидуваат да ве искористат. Станува збор за лекција што треба да ја научите што е можно порано. Кога растете или сте во врска со нарцис, не постои сомнеж дека ќе добивате подароци. Со помош на овие подароци, тие ќе успеат да го добијат она што го сакаат.

Сте добиле подарок од нарцисоиден човек? Внимавајте! Нештата не се такви какви што изгледаат

Нарцисите ќе ви подаруваат многу работи, но тоа нема да надомести за неволјите што ќе ви ги предизвикаат. Нарцисите не даваат подароци онака како што нормалните луѓе го прават истото. Додека нормалните луѓе не очекуваат ништо за возврат, нарцисите очекуваат сѐ. Ако не го направите она што го сакаат, ќе ви кажат нешто од типот „Многу си разгален/а! Правам толку многу работи за тебе, а ти ништо не правиш за мене!“. Сте ги чуле овие зборови некогаш?

Никогаш не треба да прифаќате подароци од луѓе кои го направиле следново:

  • Имале неразумни барања во минатото.
  • Ги спомнале подароците што ви ги дале некогаш за да ве натераат да направите нешто за нив.
  • Барале преголема емоционална и финансиска поддршка.
  • Не ви дале исто толку колку што сте им дале вие во врската, гледано на долгорочни цели (во зависност од ситуацијата).

Нарцисите не даваат подароци зашто им се допаѓате или мислат дека ги заслужувате. Тие подаруваат за да ви се допаднат и за да стекнете подобро мислење за нив. Нормално е тоа доколку сакате да му покажете љубов на партнерот преку подароци, но овде станува збор за нешто сосема друго.

Ако се сомневате дека сте во врска со нарцис, прекинете ја што е можно побрзо. Нема ништо полошо од тоа да останете во токсична врска со човек кому не му е гајле за вас. Само затоа што некој ви дава подароци, не значи дека ве сака.

„Проблемот кај верувањето дека не треба да му се гледаат забите на подарениот коњ е тоа што можеби се работи за Тројански коњ.“ – Дејвид Селер

Доколку им дозволите на нарцисите во вашиот живот да ви го попречуваат патот, никогаш нема да доживеете вистинска среќа. Точно е тоа дека нарцисите даваат многу, но затоа земаат многу повеќе одошто вреди нивниот подарок.

Ако сакате да се заштитите од овие луѓе, прочитајте ги и овие 11 суптилни знаци на нарцизам кои лесно може да се занемарат.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар