Совети за сите што ќе патуваат на познато туристичко место: Како да направите фотографии без луѓе на нив?

Веројатно ви се чини како невозможна мисија обидот да направите фотографии од вашето патување без други луѓе на нив, особено кога се работи за познати туристички атракции. Но, дали сте помислиле да одите на места каде што другите луѓе ни на сон не би стапнале? Очигледно е дека вие би биле единствените луѓе таму. Доколку навистина ја цените добрата фотографија и тоа е вашето хоби, веројатно ќе се обидете да направите сѐ што е потребно за да ја добиете совршената слика. Прочитајте ги следниве совети кои ќе ви помогнат да направите фотографии без луѓе на нив, без разлика дали сте на најпознатото туристичко место во светот…

Совети за сите што ќе патуваат на познато туристичко место: Како да направите фотографии без луѓе на нив?

Одете многу рано

Кога се работи за многу популарни места, најдобро е да ги посетите кога сте сигурни дека никој друг нема да биде таму. Ако има точно време кога местото се отвора за посетители, отидете неколку минути порано и несомнено е дека ќе успеете да ги направите совршените фотографии кои сите ќе се прашуваат дали се обработени во Фотошоп.

Одбегнувајте ги викендите и празниците

Не заборавајте да проверите кога има празници и големи настани во местата коишто планирате да ги посетите. Ако можете да патувате во текот на работната недела или да го продолжите викендот до почетокот на неделата, направете го тоа, бидејќи тогаш сите си одат дома, па местото ќе остане празно и идеално за фотографирање.

Совети за сите што ќе патуваат на познато туристичко место: Како да направите фотографии без луѓе на нив?

Не патувајте кога е сезона

Колкумина би сакале да фотографираат во врнежливи и студени периоди од годината? Сигурно не многу. Постои добра причина зошто луѓето патуваат во сезона, а тоа обично е поврзано со временските услови. Точно е тоа дека ќе ви треба убаво време за да ги добиете совршените фотографии, но ако добро испланирате и сте доволно трпеливи, веројатно ќе успеете да направите совршени фотографии без луѓе на нив.

Не се фокусирајте само на еден дел од местото што сакате да го фотографирате

Сите секогаш сакаат да направат фотографии од аглите по кои туристичките атракции се познати. Луѓето што го посетиле Таџ Махал, сигурно гледале да го фотографираат однапред, но веројатно не сте помислиле дека задниот дел е исто така неверојатен. Причината поради која фотографиите од патувањата се толку привлечни е фактот што на нив има лесно препознатливо обележје кое луѓето мислат дека можат да го сликаат само од истата точка од којашто милиони други луѓе го имаат фотографирано. Не плашете се да експериментирате со несекојдневни агли и различно осветлување.

Совети за сите што ќе патуваат на познато туристичко место: Како да направите фотографии без луѓе на нив?

Бидете трпеливи

Понекогаш треба да бидете многу трпеливи и да чекате да се тргнат сите луѓе за да ја направите совршената фотографија. Тоа чекање може да трае со часови. Но, трпеливоста се исплати за сите тие прекрасни фотографии без луѓе што ќе ги направите.

Користете ја главата… Буквално

Понекогаш некои луѓе едноставно не сакаат да се тргнат, но има решение и за тој проблем. Едноставно поставете ја главата на тој начин што ќе ја покриете таа личност и во фотографијата вклучете го и задниот дел од вашата глава.

Совети за сите што ќе патуваат на познато туристичко место: Како да направите фотографии без луѓе на нив?

Со помош на селфи стап направете аглите да работат во ваша корист

Селфи стапот е повисок од сите луѓе кои можат да ја нарушат вашата совршена фотографија. Доколку го користите правилно, селфи стапот може да направи чуда кога станува збор за правење фотографии без луѓе на нив. Наместо да го употребувате селфи стапот за да го сликате вашето лице, искористете го за да ја подигнете или спуштите камерата со цел да го прилагодите аголот така што сите натрапници ќе бидат отстранети од фотографијата. Вие не мора ни да бидете на фотографијата. Селфи стапот може да го користите само за да добиете прекрасни фотографии од вашето патување без луѓе на нив, со тоа што ќе го подигнете колку можете повисоко над сите луѓе и гужви.

Учтиво замолете ги луѓето да се тргнат

Ова може да ви делува по малку застрашувачко, но ако има само неколкумина кои ви стојат на патот, не плашете се учтиво да ги замолите да се поместат малку за момент. Понекогаш доволно е само отворено да покажете фрустрација и тврдоглаво да ги зјапате со вашиот фотоапарат во рака, но сепак подобро е да останете позитивни и учтиво да ги замолите да се помрднат.

Ако ништо не ви успее, вклучете ги луѓето и гужвата

Во некои случаи едноставно не постои можност да направите фотографија без луѓе на неа. Можно е да не ви се станува рано или да немате време да ги чекате сите луѓе да се тргнат, но тоа не значи дека не треба ништо да фотографирате само затоа што имало многу гужва. Наместо да се разочарате, обидете се да бидете креативни, искористете ја вашата имагинација и вклучете ги луѓето на начин кој ќе ја направи фотографијата уште подобра. Понекогаш бојата на облеката на луѓето може да ги истакне неутралните бои на околината, или, пак, изразот на лицето на некој случаен турист може да ја направи фотографијата уште понезаборавна. Во најлош можен случај, секогаш можете да ги исечете луѓето од фотографијата во Фотошоп.

Совети за сите што ќе патуваат на познато туристичко место: Како да направите фотографии без луѓе на нив?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар