Совети за релаксација на очите

Напнатоста во очите е чест проблем денеска. Предолгото читање и изложеноста на компјутерски и електронски уреди може да предизвика напнатост во очите што може да резултира со главоболки, суви или влажни очи и иритација на очите.

Совети за релаксација на очите

Иако капките за очи и другите лекови се веќе многу достапни, има и многу природни начини да се ослободите од напнатоста во очите. Пробајте ги овие едноставни домашни третмани:

1. Масирање на очите

За да се намали напнатоста која ја чувствувате во очите, нежно масирајте ги очните капаци, мускулите над веѓите, јаболчниците и слепоочниците. Ова помага за да се зголеми циркулацијата на крв во очите и ги релаксира мускулите околу нив. Исто така, ги стимулира солзните канали и превенира суви очи. Може да искористите неколку капки од маслиново масло или гел од алое вера за помазна масажа.

2. Сончање

Сончањето е добар начин да се започне денот. Застанете пред прозорец или на место кое е осојно. Затворете ги очите и дозволете му на сонцето да ги стопли вашите очни капаци. Направете го ова, без да ги носите вашите очила или контактни леќи. Сончевата светлина ѝ помага на ретината да ослободи допамин, кој помага за здрав развој на очите и спречува кратковидост кај малите деца.

Не гледајте директно во сонцето при примената на овој совет.

3. Топли облози

Топлите облози се неверојатен начин да ги релаксирате вашите очни мускули и да се ослободите од сувите очи по долгиот ден поминат пред компјутер или со книги. За примена на овој метод, натопете мека, чиста ткаенина во топла вода (не жешка) и легнете. Ставете ги облогите врз очните капаци. Релаксирајте се со длабоко дишење 1 минута. Повторете го процесот најмалку трипати.

4. Ладна вода

Ладната вода е добра за подобрување на циркулацијата на крвта и за релаксација на напнатоста во очите. Ова е сличен метод на претходниот, со тоа што наместо топли, ставате ладни облоги. Ако напнатоста во очите резултира со отоци околу очите, завиткајте неколку коцки мраз во чиста ткаенина и ставете ги на очните капаци на две минути. Ова ќе ги намали отоците.

5. Алое вера

Ставете ладен гел од алое вера врз очните капаци и оставете го да дејствува барем 10 минути. Природните лековити својства на алое верата ќе помогнат да се повлечат отоците и ќе ја зголемат циркулацијата на крвта околу очите. Алое верата може да ја користите и за масажа на очите.

Комбинирајте ги овие лекови со чести паузи во работењето и со добар животен стил и балансирана исхрана, за релаксирани очи без напнатост.

Доколку имате и проблеми со вашите очила, проверете ги овие 5 едноставни начини на кои можете да ги направите поудобни.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар