Совети од нашите баби и дедовци: 10 навики кои ја зацврстуваат љубовната врска

Зарем не мислите дека некогаш толку се фокусираме на големите нешта што ги забораваме малите? Постојано се трудиме да бидеме подобрата верзија од себеси, и да ги зацврстиме врските кои ги имаме со најблиските и со партнерот, што не гледаме дека решенијата се мали и едноставни. Еве што може да земете како пример од вашите баби и дедовци, навики на партнерите кои водат до стабилна љубовна врска или брак.

Совети од нашите баби и дедовци: 10 навики кои ја зацврстуваат љубовната врска

1. Наоѓаат заедничко хоби и нешта кои и двајцата ги интересираат

Наоѓањето заеднички интереси е клучно за успехот на секоја врска. Кога партнерите имаат нешто во што и двајцата уживаат и вложуваат труд и време, не само што се посреќни туку и многу повеќе се зближуваат и учат еден од друг.

2. Секоја вечер заедно си легнуваат

Заедничкото одење во спална секоја вечер е важно за одржување на таа искра во љубовниот живот и зајакнување на интимната врска. Тоа е многу повеќе од сексуална поврзаност. Партнерите кои заедно одат во кревет се посреќни и нивната врска е поцврста.

3. Никогаш не одат во кревет лути

Ова не важи само за љубовните партнери, правилото е општо за сите – не си легнувај бесен. Сигурно сте ја чуле вашата баба како ве советува никогаш да не одите на спиење со горчина во срцето. Простете, насмејте се, прегрнете се и заборавете на гордоста.

4. Денот им почнува и завршува со бакнеж и прегратка

Прегратката предизвикува чувство на позитивност, приврзаност и интимност и колку и да ви звучи смешно, добра е за здравјето. Среќните парови го започнуваат и завршуваат денот со бакнеж и прегратка. Без разлика колку е брз светот околу нив и колку обврски им тежат над глава, бакнежот не бара многу време.

5. Им веруваат на своите партнери

Доколку чувствувате несигурност и недоверба во својот партнер, зарем постојано ќе живеете во неизвесност и страв? Среќни се оние кои целосно можат да се потпрат на своите партнери. Колку и да ни е срушен светот, само едно „во ред е, јас сум тука“, може да промени сè.

Совети од нашите баби и дедовци: 10 навики кои ја зацврстуваат љубовната врска

6. Почесто велат „благодарам“ отколку „извини“

Манирите се важни во љубовната врска, но среќните парови се фокусираат на позитивното наместо на негативното. Кога знаете дека сте погрешиле нешто речете „благодарам“, благодарам што ме разбираш и ми простуваш.

7. Ги слават успесите на своите партнери

Со партнерот вие сте тим, а во еден тим нема јас, туку ние. Ова не е кажано во контекст дека треба да се изгубите себеси во врската, но дека треба да ги доживувате успесите на партнерот и како свои. Секогаш славете ги и најмалите подвизи и победи.

8. Не ги забораваат малите нешта

Најмалите моменти се најслатки изненадувања. Заборавете на големите нешта кои го потресуваат светот и приредувајте мали знаци на внимание. Ако партнерот изразил желба за нешто, по некој ден сторете го токму тоа покажувајќи дека сте како детектор кој забележува сè и не заборава.

9. Внимаваат на чувствата на другиот

Среќните парови зборуваат за тоа како се чувствуваат, слушаат и сочувствуваат. Не занемарувајте ги емоциите на партнерот и покажувајте разбирање и тогаш кога со зборови не сте го слушнале проблемот.

10. Внесуваат хумор и во најсивите денови

Сè се решава со насмевка и секоја ситуација завршува добро со малку хумор. Партнерите во стабилна љубовна врска не забораваат да се смеат, на шеги или пак на свои случки и анегдоти.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар