Со текила до сјајна коса и прекрасна кожа

Текилата има моќ да ги отстрани маснотиите и нечистотиите од кожата, благодарение на алкохолот кој го содржи, па токму затоа и може да ви послужи како алтернатива против мозолчиња и митесери. Од друга страна пак, таа е одлична и за вашата коса бидејќи ја отстранува влагата од неа, правејќи ја посјајна…

Со текила до сјајна коса и прекрасна кожа

Коса

Текилата одлично ја отстранува влагата од косата и помага таа да изгледа порамно и посјајно. По миењето на вашата коса, поминете ја со малку текила и таа веднаш ќе добие сјај, исто како да сте излегле од фризерски салон.

Лице

Текилата ги отстранува маснотии и нечистотиите од кожата и благодарение на алкохолот кој го содржи таа може да ви послужи како одлична замена за лосионите за лице. Нанесувајте ја веднаш по чистењето на шминката, притоа избегнувајќи ги деловите околу очите.

Тело

Ли Крамп, која работи во славниот спа центар „Ocean Pearl“ во Сан Диего, им предложува на своите клиенти одличен рецепт за нега на кожата на телото која таа сама го создала…

Потребни состојки:
  • 1 супена лажица шеќер
  • 1 супена лажица морска сол
  • 1 супена лажица кокосово масло
  • 1 супена лажица текила
  • Неколку капки бадемово масло
  • Неколку капки есенцијално масло од ружа
Начин на подготовка:

Измешајте ги добро сите состојки и со помош на оваа смеса масирајте го телото еднаш неделно. Кожата ќе почне да ви сјае и ќе биде неверојатно мека и нежна на допир.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар