Смирува и го подобрува расположението: Аранжирањето цвеќиња докажано го подобрува денот

Смирува и го подобрува расположението: Аранжирањето цвеќиња докажано го подобрува денот

Градинарството е активност што го намалува стресот, го подобрува расположението и ги отстранува симптомите на депресија и вознемиреност, покажало истражувањето објавено во „Journal of Mental Health “. Ако не живеете во куќа со градина, втората најдобра работа што можете да ја направите е да аранжирате цвеќиња.

Смирува и го подобрува расположението: Аранжирањето цвеќиња докажано го подобрува денот

Аранжирањето цвеќиња е неверојатно хоби со кое можете да се занимавате дома, бидејќи е активност што бара многу малку вештини, алатки или уметнички талент.

Секој може да го проба, а ви требаат само неколку цвеќиња, ножици и малку трпеливост, вели Роуан Блосом, авторка на книгата „Живеење со цвеќе: Икебани и букети за дома“ (Living With Flowers: Blooms & Bouquets for Home).

Ова е една од оние работи што 100% ќе ја подобрите со вежбање, така што додека имате слободно време, занимавајте се со ова прекрасно хоби. Размислувајте за цвеќињата како за форма на грижа за себе – ве опушта, но ви дава и чувство на задоволство затоа што сте направиле нешто корисно со вашите раце.

Познато е дека цвеќињата се симбол на надежта што исполнува со задоволство, го подобрува расположението, но и ја осветлува внатрешноста на кој било простор. Сега, кога поголемиот дел од светот има ограничено време што може да го помине на отворено, убаво е да го донесете допирот на природата во вашиот дом.

Цветниот колорит ќе го воздигне кој било дел од домот и ќе изгледа особено убаво во некој неочекуван агол како просторот околу мијалникот во кујната. Ако ставите аранжиран букет во кујната, ќе имате убав поглед пред вас додека, на пример, правите некоја понепривлечна задача, како што е миењето садови.

Што ви е потребно?

Аранжирањето цвеќиња ќе биде полесно ако имате добар пар наострени, обични или градинарски ножици.

Исто така, ви треба вазна за да ги ставите цвеќињата. Ако немате слободна вазна во вашиот дом, можете да искористите и други производи – стари тегли, шишиња или керамички садови. Бидете креативни и отстранете ги етикетите од предметите што сакате да ги користите како вазна.

Се разбира, ви требаат и неколку цвеќиња. Ако немате градина, кога одите на купување следниот пат, купете и цвеќе. Аранжманите со лалиња и нарциси ќе изгледаат особено убаво.

Мали совети за аранжирање

Измешајте ги цвеќињата со зачинските и другите билки – користете гранчиња рузмарин, еукалиптус и сл. за да му дадете на вашиот аранжман дополнителна визуелна, но и мирисна компонента.

Букетот од најобични цвеќиња од супермаркетот ќе изгледа поубаво ако го ставите во привлечен керамички сад. Изгледот на домот ќе се трансформира со помош на мал детаљ како едноставна чаша со неколку гранчиња миризливи билки.

Обрнете внимание на боите на чаршафите, салфетките, чиниите, чашите и другите предмети на вашата трпезариска маса и изберете цвеќиња што ќе се вклопат во таа шарена приказна. Поиграјте си со различни текстури и облици. А за инспирација погледнете ги следниве фотографии:

Можеби сакате да откриете и како да направите сами велигденско дрво на среќата, едноставна декорација која носи радост во вашиот дом!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар