Сладолед на стапче од оризов пудинг и цимет

Сладолед на стапче од оризов пудинг и цимет

Леден десерт на стапче со силен мирис и вкус Сладолед на стапче од оризов пудинг и циметПотребни состојки:

  • 800 мл млеко
  • 200 мл кондензирано млеко
  • 1 стапче цимет (или ½ лажичка цимет во прав)
  • Парче кора од лимон
  • 1 гравче ванила (или 1 лажичка ванила)
  • 150 г ориз
  • 150 г шеќер
  • 150 мл слатка павлака

Сладолед на стапче од оризов пудинг и циметНачин на подготовка: Ставете ги во тенџере млекото, кондензираното млеко, ванилата и лушпата од лимон. Пуштете ги да се варат на средна температура. Штом смесата зоврие, тргнете го тенџерето од огин.

Потоа додајте го оризот и варете 15 минути на ниска до средна температура, промешувајќи на секои 2-3 минути.

Додајте ги шеќерот и слатката павлака, промешајте и оставете да се варат 10 минути со константно мешање, додека оризот не омекне.

На крајот извадете ја кората од лимон (и стапчето цимет и гравчето ванила доколку ги користевте состојките во овој облик). Оставете ја смесата да се олади 5 минути и потоа ставете ја во модли за сладолед. Брцнете ги стапчињата и ставете ги модлите во замрзнувач. Треба да стојат 6 часа. Пред јадење, сладоледот пропрскајте го со малку цимет.Сладолед на стапче од оризов пудинг и цимет


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.