Симптоми на рак на белите дробови на кои треба да внимавате дури и ако не сте пушач

Симптоми на рак на белите дробови на кои треба да внимавате дури и ако не сте пушач

Ракот на белите дробови предолго се поврзуваше само со пушењето. Имено, иако пушењето предизвикува околу 85% од случаите со рак на белите дробови, многу луѓе ја добиваат болеста без воопшто да запалат цигара. Поради ова, добро би било да бидете свесни за симптомите, со цел порано да ја откриете болеста и да си ги зголемите шансите да лекување.

Симптоми на рак на белите дробови на кои треба да внимавате дури и ако не сте пушач

Потребно е подигнување на свеста за симптомите кои укажуваат на рак на бели дробови. Исто така важно е да се знаат и ризичните фактори, како загадувачите на воздух.

Многу луѓе кои не се пушачи често не се свесни за ризикот, па кога ќе се појават првите симптоми, не ни помислуваат дека имаат рак на белите дробови. Повеќето ја лечат силната кашлица на своја рака и не одат на детален преглед. Сепак, постојат некои симптоми кои не смеете никако да ги игнорирате и кои се знак дека треба да посетите лекар.

1. Кашлица која не престанува после 2-3 недели

2. Кашлица којашто се влошува

3. Воспалителни инфекции на градите

4. Искашлување крв

5. Болка за време на дишење и кашлање

6. Често задишување, дури и кога нема некој поголем напор

7. Постојан замор и недостаток од енергија

8. Губење на апетитот и необјасниво слабеење

Доклку сте пушач, погледнете како природно да ги исчистите вашите бели дробови.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар