Силните жени знаат дека самодовербата зависи од тоа како се чувствувате, а не од облеката што ја носите

Силните жени знаат дека самодовербата зависи од тоа како се чувствувате, а не од облеката што ја носите

Сите знаеме дека најпривлечните жени зрачат со самодоверба. Но, честопати забораваме дека самодовербата зависи од тоа како се чувствувате однатре, а не од тоа како изгледате однадвор. Освен тоа, жените многу се осудуваат едни со други поради облеката што ја носат. Шмизлите и арогантните девојки носат розови фустанчиња, лесните девојки ги обожаваат мини здолништата и разголените деколтиња, а интровертните и повлечени девојки не отстапуваат од црната боја. Ова се стереотипите што владеат меѓу луѓето.

Силните жени знаат дека самодовербата зависи од тоа како се чувствувате, а не од облеката што ја носите

Проблемот лежи во тоа што овие предрасуди најчесто не се вистинити, а можат да предизвикаат големо влијание на изборот на облеката кај жените. Тие неретко почнуваат да се облекуваат онака како што мислат дека е општествено прифатливо, плашејќи се да не остават погрешен впечаток. Наместо да си го негуваат својот стил и да ја носат облеката што им се допаѓа, тие се одлучуваат за модна комбинација што прави да се чувствуваат лошо и непријатно во сопствената кожа. Сигурно и вие барем еднаш сте ги осудиле девојките кои носат кратки фустани и здолништа, но потајно сте им завидувале поради тоа што не сте имале храброст да се облечете на истиот начин.

Според едно истражување, женската самодоверба почнува да паѓа на возраст од 12 години и не се зголемува сѐ додека девојките не наполнат 20 години. Најголемите причини за тоа се видливите промени на телото што се јавуваат како последица од пубертетот. Некои експерти сметаат дека воведувањето униформи во училиштата е добра идеја, бидејќи така нема да се нагласува значењето на модните трендови и сите девојчиња ќе носат исти блузи, здолништа и панталони секој ден. Но, многумина се спротивставуваат на оваа идеја, бидејќи на тој начин ќе се уништи индивидуалноста на децата и нивната слобода на избор. Во секој случај, униформите се нешто што го практикуваат мал број училишта, така што редовно се јавува ривалство помеѓу девојчињата во училишните клупи.

Силните жени знаат дека самодовербата зависи од тоа како се чувствувате, а не од облеката што ја носите

Тинејџерките многу внимаваат на изгледот и постојано обрнуваат внимание на стилот и облеката на другите девојчиња. Доколку некое девојче се облекува и изгледа подобро, веднаш се јавува љубомора што доведува до негативни чувства и деструктивно однесување кај останатите. Девојчињата треба да разберат дека не треба да бидат љубоморни, туку дека туѓиот напредок треба да го гледаат како можност и мотивација да направат нешто позитивно за себе. Но, многу е тешко да се постигне ваквото размислување особено во општество кое ги диктира основните стандарди за убавина.

Младите девојки градат самодоверба врз основа на туѓите комплименти и одобрувања што е сосема погрешно, бидејќи тие треба да се задоволни од сопствениот изглед без оглед на тоа што им го велат другите. Кога тие ќе забележат девојка која зрачи со самодоверба и изгледа како да се симнала од модна писта, посакуваат да бидат како неа и свесно или несвесно почнуваат да го имитираат нејзиниот стил на облекување. На тој начин, тие се претопуваат во толпата и го губат својот личен идентитет и оригиналност. Меѓутоа, тоа не е гаранција дека тие конечно ќе добијат самодоверба и ќе бидат задоволни од сопствениот изглед.

Силните жени знаат дека самодовербата зависи од тоа како се чувствувате, а не од облеката што ја носите

Уште полошо е ако девојките дозволат нивната самодоверба да зависи од машкото мислење. Голем дел од нив дознаваат какви девојки сакаат момците за кои се заинтересирани и подготвени се да направат драстични промени во изгледот само за да им се допаднат. Тие ја менуваат бојата на косата, почнуваат да се шминкаат, целосно го менуваат стилот на облекување, претворајќи се во нешто што не се. Кога ќе сфатат дека и покрај сите промени, тие сепак не успеале да ги придобијат неговите симпатии, се разочаруваат и уште повеќе губат самодоверба.

Доколку имате проблем со самодовербата, слободно можете да земете пример од другите девојки, но не од начинот на кој се облекуваат, туку од начинот на кој се однесуваат. Земете пример од паметните, самоуверени девојки кои ги прифатиле сите нивни совршености и недостатоци. Земете пример од оние кои не се плашат да бидат она што се, без оглед на тоа какво е туѓото мислење. Не плашете се од сопствената женственост и најдете свој оригинален начин за да ја покажете.

Немојте да се критикувате и осудувате себеси. Животот е премногу краток за да се чувствувате лошо. Најдете го вашето вистинско „јас“ и гордо покажете му го на светот. Бидете сигурни дека луѓето ќе ја забележат вашата самодоверба и ќе ја ценат вашата оригиналност. Но, за да се случи тоа, прво мора да научите да се цените самите себе. Клучот на магнетната привлечност лежи во задоволството од сопствената личност и внатрешни чувства кои подоцна се рефлектираат и во надворешниот изглед.

Имате проблем со самодовербата? Прочитајте како да бидете најсамоуверената жена во просторијата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар