Силните жени се оние што си заминуваат

Силните жени се оние што си заминуваат. Оние што никогаш не стагнираат во просечен живот. Оние на коишто никогаш не им е премногу удобно. Оние кои се туркаат да постигнат повеќе. И да бидат повеќе. Да бидат повеќе отколку што мислеле дека ќе бидат на овие години. Повеќе отколку што нивните родители мислеле дека тие ќе станат. Повеќе одошто општеството очекува од нив.

Силните жени се оние што не прифаќаат „не“ за одговор. Оние што ќе посегнуваат по ѕвездите и небото и сите планети, сè додека не го зграбат тоа што го бараат. Тоа се оние што никогаш немале причина да кажат „не“, бидејќи верувале страсно во својот сон.

Силните жени се оние што не прифаќаат ништо помалку од тоа што го заслужуваат. Тие не остануваат со пријателите што не ги прават среќни, ниту пак со момчињата што не се трудат за нив. Силните жени се оние што постојано трчаат. Тие бегаат од нормалноста и од социјалните стандарди. Тие бегаат од совршената слика, од сјајните филтри. Од сè што ги прави обични. Бидејќи тие се сè само обични не.

Силните жени нема никогаш да сопрат. Тие никогаш не престануваат да се движат. Тие никогаш не престануваат да бараат. Никогаш не престануваат да се борат. Ниту пак да веруваат. Тие никогаш не престануваат да бараат подобар живот. Авантура и зајдисонца. Никогаш не престануваат да се борат за нивната вредност да биде слушната и видена. За нивниот живот да биде важен.

Силните жени се оние што го оставаат зад себе минатото и го менуваат за посветли денови од иднината. Тие се оние што ја наоѓаат силата во нив и продолжуваат понатаму. Овие кои дури и би се оставиле себеси за да еволуираат во нешто подобро.

Силните жени се оние што заминуваат. Тие ги оставаат момците кои им велат дека тие никогаш нема да бидат доволно. Ги напуштаат мажите што им фрлаат лаги, што ги сакаат само во осамените ноќи. Ги оставаат луѓето што ги предале и што само сакале да ги повредат. Тие го напуштаат градот полн со духови…

Силните жени се оние што веруваат. Тие секогаш веруваат. Веруваат дека подобри денови доаѓаат. Веруваат дека се доволно. И веруваат дека се вредни за живот што не е вреден да се остави.

Прочитајте и зошто мажествените и силни жени речиси секогаш се сами.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар