Силната и позитивна слика за себе е најдобрата подготовка за успех

Силната и позитивна слика за себе е најдобрата подготовка за успех

Еден од клучните фактори коишто ја одредуваат вашата шанса за успех, среќа и за тоа како другите гледаат на вас, е вашата слика за себе. Доколку имате позитивна слика, вие ќе бидете подготвени да се соочите со сите предизвици во животот. Дури и кога работите ќе станат потешки, ќе знаете дека секогаш можете да се потпрете на себеси, како извор на љубов, лидерство и охрабрување. Позитивната слика за себе нема да ви носи предност само вам, туку таа ќе биде заразна и ќе им пружи различни користи и на сите околу вас.

1. Ќе имате храброст да се придржувате до своите одлуки

Кога верувате во себе и во вашата способност да правите добри избори, тогаш ќе ви биде лесно да го браните она што сметате дека е исправно. Без разлика дали станува збор за дома, на работа или пак, во врската со вашиот партнер, кога вашата слика за себе е силна, вие ќе се чувствувате посигурни и ќе бидете поголеми оптимисти во врска со вашиот избор. Ова ќе ве поттикне да работите понапорно, да ги остварувате вашите амбиции и вашите соништа. Кога ќе имате позитивна слика за себе, вие ќе живеете во согласност со вашите вредности и цели, што е одлична основа за идните задоволства во животот.

2. Нема да гледате на неуспехот како нешто застрашувачко

Ако себеси се гледате како личност која е вредна и има повеќе таленти и вештини, неуспехот нема да го доживувате како нешто застрашувачко. Оние кои себеси се гледаат позитивно знаат дека имаат сила да го преживеат неуспехот, да учат од своите грешки и да се движат напред, создавајќи си подобар живот. Всушност, оние кои имаат позитивна слика за себе знаат да прифатат повремени неуспеси и истите не ги доживуваат како да е крај на светот, зашто знаат дека тие ги прават посилни и помудри.

3. Нема да бидете попречувани или манипулирани од негативни личности

Сликата за себе е моќен штит против негативните и манипулативни луѓе. Кога ќе се прифатите себеси онакви какви што сте и кога ќе ја барате од другите почитта што ја заслужувате, вие ќе бидете помал плен на негативните луѓе околу вас. Дури и критиките и заплашувањата не влијаат на луѓето кои се сакаат и се почитуваат себеси. Тие знаат дека треба што побргу да се оттргнат од ситуацијата што не им одговара, а истовремено се и доволно храбри да веруваат дека тие заслужуваат нешто подобро.

4. Ќе се чувствувате целосни и нема да имате потреба вашата вредност да биде потврдувана од другите

Луѓето кои се чувствуваат удобно во својата кожа и кои цврсто веруваат во своите вредности, немаат потреба од другите за да се чувствуваат целосно и исполнето. Тие ги гледаат здравите врски со другите како дополнителен извор на радост во нивниот живот, но се и целосно задоволни доколку се сингл или поминуваат време во свое сопствено друштво. Кога имате позитивна слика за себе тоа значи дека подобро ќе се чувствувате доколку сте сингл, отколку во врска којашто не ве исполнува.

5. Позитивната слика за себе е клучна компонента на успехот

Без позитивно мислење за себеси, вие нема да можете да ги остварите своите долгорочни цели. Луѓето кои себеси се гледаат во позитивно светло знаат што сакаат од животот. Како резултат на тоа, тие се фокусирани на своите цели и имаат самоконтрола секогаш кога ќе им биде потребно.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар