Сигурни знаци дека сте станале зависни од социјалните мрежи

Сигурни знаци дека сте станале зависни од социјалните мрежи

Се сеќавате кога последен пат се возевте во лифт или чекавте ред на шалтер, без притоа бесцелно да го проверувате телефонот? Секоја зависност, па и онаа од социјалните мрежи, може да биде многу лоша. На почетокот не сте свесни, но полека станувате роб на своите навики. Тоа што некогаш претставувало обична занимација, сега веќе го окупира сето ваше слободно време. Но, како да препознаеме дека сме станале зависни?

Последиците од оваа зависност може да бидат навистина сериозни – колку повеќе една личност е навлечена во виртуелниот свет, толку повеќе го губи контактот со реалноста. Во екстремни случаи, личноста ги користи социјалните мрежи како единствена форма на контакт со други луѓе. Ако секојдневно ги гледате туѓите обработени слики и преувеличени статуси, наскоро ќе почнете да станувате несигурни во себе и во својот физички изглед.

Доколку забележувате дека вашето расположение се менува во зависност од тоа што сте виделе на социјалните мрежи и какви коментари сте добиле таму, време е да седнете и да размислите на оваа тема. Кога социјалните мрежи почнале да имаат силно влијание врз вашите секојдневни одлуки, тоа е знак дека можеби сте станале зависни од нив.

Други знаци на кои треба да обрнете внимание се:

  • Поминувате премногу време на социјалните мрежи
  • Ги користите како бегство од реалноста
  • Ги игнорирате битните обврски за да поминувате повеќе време на интернет, иако знаете дека тоа ќе има негативни последици

Зависноста од социјалните мрежи може да се третира како и секоја друга патолошка зависност. Во такви случаи, експертите препорачуваат когнитивно-бихејвиористички пристап, ограничување на пристапот до социјалните мрежи и разговор со психотерапевт, за да се открие емоционалната причина за зависност. Се предлага одморање од употребата на интернет некои три до четири недели. По овој период, интернетот повторно внимателно се воведува во секојдневниот живот.

За почеток, направете го овој тест за да проверите дали сте зависни од својот телефон.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевничка која би живеела во приказна на Харуки Мураками, во режија на Вес Андерсон, со саундтрак на The Smiths.

Поврзани содржини

Остави коментар