Што треба да направите кога се чувствувате отфрлени и осамени?

Сите понекогаш минуваме низ тешки периоди во животот кога се чувствуваме осамени, несфатени и отфрлени од светот. Некои луѓе полесно се соочуваат со проблемите и ги надминуваат потешкотиите, но за некои тоа претставува вистински предизвик. Овој метод е за сите оние кои растеле без никој да им каже дека се единствени и посебни, дека се способни да постигнат сѐ што ќе посакаат и дека е нормално да сонуваат нешта надвор од границите на општествените норми и правила. Станува збор за позитивни афирмации кои водат до чувство на внатрешен мир и среќа.

Што треба да направите кога се чувствувате отфрлени и осамени?

Во текот на растењето и созревањето, љубовта на блиските честопати е засенета од срамот, чувството на вина и стравот секогаш кога човекот ќе направи нешто што отскокнува од фиктивните граници на нормалата што ги има поставено општеството. Ретко кој ги учи децата да бидат позитивни и сигурни во животот, да веруваат во себе и во нивниот избор и да го следат својот сон. Секогаш се потенцира дека треба да се почитуваат правилата, а дисциплината е мерило за тоа дали некое дете е добро или не.

Овие неколку афирмации треба секојдневно да се нагласуваат, бидејќи тие во себе содржат едноставна, но вистината порака која може да промени нечиј живот и начин на размислување. Можете да ги употребувате секогаш кога ќе се чувствувате тажни, несфатени или осамени. Не заборавајте дека постои разлика меѓу тоа да се биде сам и да се биде осамен. За разлика од осаменоста, самотијата е многу корисен и пожелен избор кој ќе ви помогне да се спознаете себеси и да постигнете личен развој.

Станува збор за следниве афирмации…

  • Чувствувам љубов кон оние кои не се физички блиску до мене.
  • Уживам во својата самотија.
  • Јас сум преголем подарок за овој свет и не треба да чувствувам самосожалување и тага.
  • Јас се сакам и се прифаќам себеси.

Колку и да звучи клише, позитивните мисли се првиот чекор кон вистинската среќа. Нормално дека не треба да очекувате веднаш да се решат сите ваши проблеми и веднаш да се чувствувате подобро, но со текот на времето и со секојдневна примена на гореспоменатите афирмации ќе забележите позитивна промена во вашето размислување, што ќе доведе до позитивни промени во вашиот живот.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар