Што може играњето покер да ве научи за животот?

Животот ве учи на многу лекции преку различни начини, а на вас останува како ќе ги сфатите и како ќе ги разберете. Како и повеќето други работи, така и покерот може да ве научи многу животни лекции, а во продолжение погледнете некои од нив.

Што може да ве научи за животот играњето покер?

1. Ставете го на коцка само она што сте подготвени да го изгубите

Кога играте покер, ризикувате да изгубите. Ризикувате да изгубите пари кои ви се потребни за основен живот. Ова е добра лекција која ви покажува дека никогаш не треба да ги ризикувате работите кои ви се значајни. Ако не сте спремни нешто да изгубите, подобро не ставајте го на коцка!

2. Сконцентрирајте се. Размислувајте. Дејствувајте бавно

Во покерот, фокусирањето е добра навика што им дава на играчите можност и време за размислување за своите вештини и потези. Во покерот се советува играчите да земаат здив бавно, разумно да се движат и да зборуваат, а и да избегнуваат да го гледаат противникот во клучните моменти. Ова исто така може да го вежбате и во секојдневниот живот. Кога ќе се соочите со нешто што ви е потешко да го разрешите, одвојте момент за подетално да се фокусирате на тоа и да размислите. Може дури и да преспиете една вечер пред да го донесете решението.

3. Бидете остроумни и активни

Бидете силни и физички и умствено, затоа што тоа ќе ви помогне во тешките одлуки. Умот и телото одат заедно. Без разлика на тоа што покерот е игра која не бара физичка активност, сепак, таа е клучна затоа што ви помага појасно да размислувате. Во животот, придобивките од одржувањето на добра телесна тежина и активност се добро познати: На тој начин сте поздрави, ја одржувате телесната тежина под контрола и се заштитувате од широк спектар на болести. А доколку се прашувате дали покерот е спорт или игра, во 2010 година тој бил прифатен како „умствен спорт“.

Што може да ве научи за животот играњето покер?

4. Не трудете се премногу околу малите нешта

Секој добар покер играч ќе ви каже дека покерот се игра на долг рок. Не се анализира една личност во период од неколку недели или месеци, туку тоа е една голема и долга игра. Затоа, не обрнувајте премногу внимание на малите нешта. Животот е полн со подеми и падови. Понекогаш работите ќе тргнат во погрешна насока, понекогаш сѐ ќе ви изгледа добро, а понекогаш ќе се соочите со нешто измеѓу. Таков е животот. Најдоброто нешто што можете да го направите е да продолжите понатаму.

5. Неуспех? Тоа е само фидбек!

Во одреден момент од животот вие ќе успеете, а во друг не. Тоа дефинитивно ќе се случи, затоа што неуспехот е дел од секој аспект на животот. Но, многу е важно како ќе го сфатите, а најдобар начин е да го третирате како фидбек. Треба да изгубите во одреден момент, за потоа да можете да добиете. Во покерот треба да изгубите многу, ако сакате да се подобрите. Затоа, кога нешто ќе тргне наопаку во животот, не задржувајте се на тоа. Што не е во ред? Зошто се случило тоа? Што би можеле да направите подобро? Учете од своите грешки!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар