Што ќе се случи со вашите тела кога 30 дена би пиеле доволно количество вода?

Сите знаеме колку е важна водата за нашиот организам. Но, дали внимавате колку вода пиете дневно? Малкумина се тие кои ќе одговорат дека секојдневно внесуваат онолку количество, колку што му е потребно на телото. За жал, повеќето луѓе пијат вода набрзина, на нога, несвесно… Без притоа да посветат внимание на тој ритуал, кој што во буквална смисла на зборот „значи живот“. Наместо вода, повеќето, се одлучуваат својата жед да ја гаснат со газирани пијалаци или кафиња, со кои се обидуваат да го подигнат нивото на енергија. Но, наместо да помогнат, тие засладени течности предизвикуваат дебелеење и нарушување на нашето здравје. Едноставно мора да сфатиме дека со внесувањето доволно количество вода, ние ќе си го подобриме здравјето и ќе ги намалиме вишокот килограми.

(1) Што ќе се случи со нашите тела кога 30 дена би пиеле доволно количество вода?

Според една студија објавена во „Journal of Clinical Endocrinology and Metabolism“, половина литар вода го подобрува метаболизмот за 30 проценти и кај мажите и кај жените. Друго истражување спроведено на Универзитетот во Бирмингем, опфатило експеримент во траење од 12 седмици во кое учествувале 84 луѓе со прекумерна тежина, кои биле поделени во две групи. Луѓето во првата група пиеле по речиси половина литар вода, 30 минути пред нивните оброци. Резултатите од истражувањето покажале дека тие изгубиле речиси килограм и половина повеќе од својата тежина, во споредба со луѓето од втората група.

Но, покрај полесното губење на вишокот килограми, водата со себе носи и други придобивки. Што ќе се случи со вашиот организам доколку 30 дена пиете доволно количество вода?

1. Вашата кожа ќе биде хидрирана

Кожата е најголем показател и огледало на вашето тело за тоа дали пиете доволно количество вода или пак вашиот организам е дехидриран. Доколку пиете поголемо количество вода, вашето тело има можност да ги исфрла отровите, што ќе резултира со посветла и почиста кожа. Ако не пиете доволно вода, кожата ќе ви биде сува и набрана, затоа што токсините се наталожиле во еден подолг временски период. Луѓето кои не пијат доволно вода изгледаат изморено и истоштено.

2. Ќе чувствувате помалку болка во зглобовите

Бидејќи ‘рскавицата во нашето тело се состои од речиси 80 проценти вода, со обновувањето на нејзиното количество, кое го губиме преку потењето, особено во летниот период, помага да ги зачуваме коските и зглобовите во добра форма. Водата ги чува коските подмачкани со цел да се заштити телото во напорните активности или наглите движења, како и при падови. Затоа, доколку чувствувате болка во зглобовите, сите течности кои вообичаено ги пиете, во наредните 30 дена заменете ги со вода и веднаш ќе почувствувате подобрување.

3. Ќе имате повеќе енергија

Водата го снабдува организмот со кислород. Колку повеќе кислород имаме во нашите клетки, толку повеќе енергија чувствуваме. Доколку не пиете доволно вода, вашиот организам се потпира на крвта за да добие кислород, што ќе ве направи послаби и безволни. Водата ја подобрува виталноста на организмот.

4. Подобро ќе ги препознавате знаците за глад и жед

Знаците за глад и жед доаѓаат од ист дел на мозокот, што е можеби една од причините зошто луѓето се често се прејадуваат. Едноставно, некои не знаат да ги препознаат сигналите. Доколку го зголемите количеството на вода, ќе забележите дека ви се намалува апетитот, затоа што водата го полни вашиот стомак и навлегува во клетките, исто како и храната. Но, доколку и по испиеното поголемо количество вода, сè уште чувствувате глад, тоа значи дека треба да јадете.

(2) Што ќе се случи со нашите тела кога 30 дена би пиеле доволно количество вода?

5. Ќе имате понизок крвен притисок

Дехидрацијата ја прави крвта погуста, што придонесува за нејзин побавен проток и присуство на поголемо количество натриум. Но, доколку внесете доволно количество вода, тоа создава услови за побрз проток на крвта, со што се намалуваат можностите за висок крвен притисок.

6. Водата го намалува нивото на холестерол

Доколку имате повисоко ниво на холестерол во крвта, во наредните 30 дена одлучете се да пиете само вода и да ги замените сите газирани и вештачки засладени пијалаци. Ќе забележите дека нивото на холестерол во крвта се нормализира, затоа што водата и во овој случај игра огромна улога.

7. Ја подобрува работата на дигестивниот систем

Водата го помага движењето во нашиот дигестивен систем и го чисти дебелото црево. Без доволно количество на вода, потешко се преработува храната во нашиот дигестивен систем, што предизвикува одредени проблеми. Недостатокот на течности во организмот создава потешкотии во работата на цревата, поради што многу често се појавува тврда столица, чувство на подуеност, киселини, појава на чирови и други дигестивни проблеми.

8. Ќе исчезне главоболката

Дехидрацијата влијае и на мозокот, а тоа создава главоболки. Кога не пиеме доволно вода, тоа едноставно му наштетува на мозочното ткиво, кое дава сигнали дека нешто не е в ред. Дехидрираниот организам го намалува волуменот на крвта, што значи дека помалку крв и кислород стигнуваат до мозокот. Во тој случај, се шират крвните садови во мозокот, за да овозможат полесен проток на крвта, што може да резултира со воспаление и главоболка кај многу луѓе. Затоа, со пиење доволно количество вода секојдневно, ќе се ослободите од главоболката и ќе бидете во подобра психичка состојба.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар