Што јадат за ручек овие 9 нутриционисти и зошто треба да ги следите нивните препораки?

Ручекот кај многумина нема репутација како најважен оброк во денот. Токму затоа и повеќето луѓе кои работат, секојдневно ручаат на работното место и нивната цел е само најбрзо што можат да го задоволат гладот. Ако и вие сте едни од овие луѓе, тогаш правите огромна грешка. Прочитајте што советуваат следниве 9 нутриционисти за ручекот и што јадат тие.

Што јадат за ручек овие 9 нутриционисти?

Повеќето од нивните совети се лесни оброци (веројатно за да ја спречат поспаноста која се јавува после обилно јадење), некои од нив може да се јадат со една рака, како сендвичи или пити и сите се богати со хранливи зеленчуци и здрави масти. Луѓето воглавно се интересираат дали нивниот ручек може да се јаде по пат или дали може да се сочува за подоцна. Но, благодарение на овие девет нутриционисти, откриваме дека ручекот може да биде вкусен и здрав оброк.

1. Конзервирана туна салата

Што јадат за ручек овие 9 нутриционисти?

Кетрин Брукинг јаде салата со конзервирана туна, наут и црн грав. Како додаток користи само маслиново масло.

Тоа е одличен начин да внесам повеќе зелени производи во мојата дневна диета, а истовремено да консумирам и протеини преку туната, наутот и гравот. Секогаш имам на дофат храна во конзерва, која ми овозможува брз и едноставен ручек.

2. Грчки јогурт со овошје и јаткасти плодови

Што јадат за ручек овие 9 нутриционисти?

Алиса Рамзи јаде грчки јогурт, полн со свежи овошја, јаткасти плодови и чиа семиња, како и мезе од сирови зеленчуци во хумус.

Ми се допаѓа овој ручек за кој не е потребно готвење бидејќи можам да го јадам и дома, но и кога сум излезена. Има многу протеини во грчкиот јогурт, како и многу здрави масти во семињата, јаткастите плодови и хумусот.

3. Туна и авокадо

Што јадат за ручек овие 9 нутриционисти?

Ребека Скричфилд најчесто преферира оброк со туна, авокадо и зеленчук.

Туната во маслиновото масло има омега-3 протеини, а заедно со авокадото и зеленчуците дава одличен вкус за уживање во оброкот.

4. Зелено смути

Што јадат за ручек овие 9 нутриционисти?

Криста Мантеј како додаток на салатите и супите, јаде и зелено смуди за ручек.

Го слушам своето тело и се хранам со тоа што ми се допаѓа. Ако е ладно јадам топла супа од зеленчук. Кога сум на ручек во ресторан јадам салата, а дома најчесто преферирам зелено смуди, бидејќи е лесно за подготовка.

Преминете на втората страница за следните 5 совети…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар