Што имаат заедничко читањето, романтиката и љубовните врски?

Што имаат заедничко читањето, романтиката и љубовните врски?

Пред да се појави интернетот, телевизијата, филмовите па дури и радиото, постоеле само книгите. Младите парови во 19-ти век требало да бидат многу покреативни во нивното додворување, затоа што не им било дозволено да поминуваат повеќе време сами. Така, читањето станало едно од омилените заеднички активности. На овој начин тие можеле да читаат, притоа контактирајќи со очите, со што сепак се придржувале до социјалните стандарди.

Како би можеле да ги примените овие правила во денешно време?

1. Наместо вечера и филм, пробајте вечера и добра книга

Некои едноставно уживаат да читаат заедно. Иако честопати е тешко да се најде заедничко време за читање, најчесто ноќта е совршениот начин за да се направи тоа. Читајќи одредени љубовни приказни вие можете да наидете на романтика којашто ќе предизвика искра во вашиот брак. Седнете заедно, замотајте ќебе околу вас, земете топло чоколадо во рака и почнете со читање. Ова дури може да ви помогне да научите и како да комуницирате подобро.

2. Читањето води кон добри дискусии

Познат ви е моментот кога завршувате со читање на одредена книга и едноставно сакате да зборувате со некој за тоа? Користете ги дискусиите поттикнати од книгата за да ја зацврстите вашата врска. Книгите ви нудат нови перспективи, а ви овозможуваат и да погледнете на светот со различни очи. Тоа е прекрасно да се споделите со некој друг.

3. Евтин начин да патувате низ светот

Повеќето од нас не можат да си овозможат патување низ светот. Како и да е, можеме да ги проучуваме различните култури, земји и луѓе токму преку читањето. Читањето со вашиот партнер ви овозможува заедно да го истражувате светот. Авторите се вешти во описите, при што лесно може да се најдете на некое место, или во некој временски период. Искористете го ова и патувајте преку вашата библиотека.

4. Читањето ве прави попаметни, а со тоа и попривлечни

Дали книгите ве прават попривлечни? Да, секако! Всушност, ништо не е попривлечно отколку паметен маж или паметна жена. Читањето ја зголемува вашата интелигенција, ве воведува во нов свет и ви овозможува подобро да ги разбирате луѓето. Задржете ја вашата меѓусебна привлечност достигнувајќи нови нивоа со прочитаните книги, коишто навистина можат да ве направат попаметни.

Па, задржете ја романтиката во бракот така што ќе ги промените старите навики и ќе посегнете по нови книги. Заедничкото читање е одличен начин да ја подобрите вашата комуникација и интимност, а и да ја зајакнете вашата врска. Било да е романтика, научна фантастика, историски роман или некој друг жанр, уверете се во тоа како заедничкото читање може да ги подобри односите помеѓу вас. Останете во удобноста на вашиот дом и истражете го светот заедно.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар