Време е да дознаете: Што е дозволено, а што е забрането да пиете во текот на бременоста?

Што е дозволено, а што е забрането да пиете во текот на бременоста?

Водата е исклучително добра за нашиот организам. Таа е одлична помош доколку имате утрински мачнини и вртоглавици кои се вообичаени симптоми во првото тримесечје од бременоста. Но, не е само водата корисна напивка која безгрижно можете да ја пиете во текот на бременоста. Денес ви откриваме кои пијалаци би требало да ги пиете во текот на бременоста, а кои да ги избегнувате.

1-vreme-e-da-doznaete-to-e-dozvoleno-a-to-e-zabraneto-da-piete-vo-tekot-na-bremenosta-www.kafepauza.mk_

ПРЕПОРАЧАНИ ПИЈАЛАЦИ:

1. Вода

Најдобриот избор на пијалак во текот на бременоста е водата. Не содржи вештачки засладувачи или бои, не содржи дополнителни калории и е одличен извор за хидратација. Ако пак сакате да го зголемите нејзиниот вкус, слободно додајте неколку капки лимон. Водата ќе ви помогне со вашите утрински мачнини и недостатокот на енергија. Исто така, исклучително е важно да пиете доволна количина пијалаци во текот на бременоста за крвотокот да работи правилно во новите услови, а особено ако пред бременоста сте имале низок притисок. Препорачана количина на пијалаци е 2 литри распоредени во текот на целиот ден. Најдобро е да пиете обична вода и минерална вода која содржи помалку натриум.

2. Млеко

Млекото е одличен избор бидејќи ја намалува жедта и притоа нашето тело го снабдува со витамин Д и калциум кои се важни за правилен развој на бебето. Тоа ќе ви даде сила, го намалува ризикот од остеопороза и други проблеми со коските на кои трудниците се склони. Добра замена за млакото е јогуртот.

2-vreme-e-da-doznaete-to-e-dozvoleno-a-to-e-zabraneto-da-piete-vo-tekot-na-bremenosta-www.kafepauza.mk_

3. Овошни чаеви

Слободно можете да пиете благи овошни чаеви за време на бременоста, но морате да внимавате при изборот на билни чаеви, бидејќи не се сите дозволени. Избегнувајте додавање шеќер во чајот, но и во другите пијалаци. Подобро засладувајте ги со мед.

4. Смуди

Смудито од свежо сезонско овошје и/или зеленчук е вкусна напивка која го снабдува вашето тело со витамини и минерали.

3-vreme-e-da-doznaete-to-e-dozvoleno-a-to-e-zabraneto-da-piete-vo-tekot-na-bremenosta-www.kafepauza.mk_

ЗАБРАНЕТИ ПИЈАЛАЦИ:

1. Пијалаци со додаток на кофеин

Избегнувајте го кафето, особено во првото тримесечје. Ако сепак не можете без оваа напивка, обидете се барем да ја намалите количината. И понатаму можете да уживате во еден филџан утринско кафе, но преголемата количина кофеин ја зголемува опасноста од предвремено породување и ниска породилна тежина на детето.

2. Енергетски и газирани пијалаци

Енергетските пијалаци се извор на висока количина шеќери и кофеин поради што ви овозможуваат брзо зголемување на енергијата. Но, нивното делување на трудниците не е детално истражувано, па затоа е подобро да ги избегнувате. Особено треба да ги избегнувате благите газирани пијалаци, односно напивките кои содржат кинин.

4-vreme-e-da-doznaete-to-e-dozvoleno-a-to-e-zabraneto-da-piete-vo-tekot-na-bremenosta-www.kafepauza.mk_

3. Алкохол

Би требало да го избегнувате алкохолот, бидејќи може негативно да влијае на развојот на нероденото дете. Ако ептен имате потреба, можете да испиете една чаша црвено вино. Како и со секој друг пијалак, умереноста не штети, но сепак треба да бидете внимателни кога се одлучувате на алкохол во бременоста.

4. Пунч од јајца (Егног)

Секако дека треба да ги избегнувате напивките во кои се наоѓаат термички необработени јајца, а како пример е овој популарен пунч. Во овие јајца се крие опасност за зараза од салмонела која може да биде исклучително опасна.

Добро знаете дека температурите надвор се високи, па доколку сте бремени и сте го загубиле апетит, пригответе си некој од овие смуди рецепти за полесна бременост.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар