Што да правите секогаш кога се чувствувате тажно и изгубено?

Што да правите секогаш кога се чувствувате тажно и изгубено?

Дали ви се случило да бидете тажни и депресивни и да не знаете како да им ставите крај на овие негативни чувства? Секогаш кога сте малтретирани, отфрлени, погрешно разбрани и повредени се чувствувате заробени во мрачен тунел и се чини дека истата приказна има тенденција да се повторува одново и одново. Што можете да направите во овој случај? Еве неколку клучни работи што можете да ги примените за да си помогнете себеси и да се чувствувате подобро.

Што да правите секогаш кога се чувствувате тажно и изгубено?

1. Најдете мирно место каде ќе можете да се оттргнете од другите.

Понекогаш, за да се чувствувате подобро, треба да одвоите малку време за себеси и да се оттргнете од луѓето околу вас. Можеби ќе сакате да седнете на тивка клупа во паркот, сами да прошетате или да најдете време да размислите и да го анализирате она што сте го доживеале.

2. Запрашајте се: „Дали е тоа вистина?“

Штом сте тивки и мирни, одново ќе ги доживеете зборовите, моментот, постапките, ситуацијата или личноста што ви предизвикале толку голема тага и вознемиреност. Вашиот ум ќе го повторува моментот одново и одново затоа што се обидувате да го разберете. Дозволете си да го направите ова, но и сфатете дека вашиот ум лесно ќе се приврзе кон секој заклучок, претпоставка или заблуда што ќе се појави. На пример, може веднаш да претпоставите дека причината зошто вашиот партнер ја критикувал вашата тежина е затоа што мисли дека сте грди и дека повеќе не ве сака. Во оваа ситуација запрашајте се: „Дали е тоа вистина? Дали навистина е така?“ Веројатно, вашиот одговор ќе биде „не, не знам дали тоа е точно или не“.

3. Соочете се со она што го чувствувате. Престанете да бегате.

Кога чувствувате интензивна емоционална вознемиреност или непријатност, повлекувањето во себе и во вашиот свет е сосема нормална реакција. Се обидувате да ги ублажите вашите емоции со ТВ, технологија, дрога, алкохол, секс, пријатели и храна и со одвлекување на вниманието што е можно подолго додека „лошото чувство не исчезне“. Но, тоа нема да исчезне така лесно. Тоа сè уште ќе демне длабоко во вас. Колку и да мислите дека можете да го избегнете она што го чувствувате, не можете. Секогаш ќе се враќа и ќе ве прогонува во една или друга форма, често со уште поголем интензитет. На крајот, една од честите последици на занемарувањето на ваквите чувства е влошеното ментално здравје. Токму затоа треба храбро да се соочите со она што го чувствувате во моментов.

4. Не сте сами

Честопати имате тенденција да се фокусирате толку многу на изворот на вашето страдање и на самата болка, што нормално доведува до тоа да размислувате дека сте сосема сами. Се разбира, ова значително ја зголемува вашата болка. Вистината е дека сите сме биле и ќе бидеме тажни во одреден момент од животот. Колку побрзо се сетите на тоа толку подобро ќе можете да се справите со вашата тага и толку помалку таа ќе ве контролира.

Откако ги прочитавте нашите совети, можеби ќе сакате да ги прочитате и 23-те сурови вистини за постоењето што ќе ве натераат да си го средите животот.

Извор: themindsjournal.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар