Што би требало веднаш да исфрлите од вашата козметичка торба?

Поголемиот дел од жените, во нивните козметички торби имаат многу непотребни производи кои само создаваат губење на време и погрешен избор во приликите кога е потребно брзо да се нашминкаат или да ја поправат шминката. Време е да научите што е потребно да исфрлите од вашата козметичка торба.

1-shto-bi-trebalo-pod-zadolzhitelno-da-isfrlite-od-vashata-kozmetichka-torba-www.kafepauza.mk_

1. Старата маскара

Маскарата е омилениот козметички производ на поголемиот дел од жените. Но, таа има свој рок на траење, а тоа најчесто е шест месеци. Добро проверете го датумот, бидејќи вашата стара маскара може да ви предизвика инфекции на очите.

2-shto-bi-trebalo-pod-zadolzhitelno-da-isfrlite-od-vashata-kozmetichka-torba-www.kafepauza.mk_

2. Оштетената шминка

Од козметичката торба треба да го исфрлите сето она што е оштетено или скршено, вклучувајќи ги и оние нешта кои промениле боја, мирис и изглед. Доколку после употребата, производот не е добро затворен, нечистотиите и микроорганизмите од воздухот може да навлезат во него. Таквиот козметички производ е штетен за кожата. Исто така, топлината и светлината придонесуваат за размножувањето на бактериите, па затоа производите би требало да ги чувате подалеку од директна сончева светлина.

3-shto-bi-trebalo-pod-zadolzhitelno-da-isfrlite-od-vashata-kozmetichka-torba-www.kafepauza.mk_

3. Карминот, моливот и сенката за очи

Нема никаква потреба да ги чувате козметичките производи кои не сте ги користеле во последните неколку години. Фрлете ги кармините, сенките и моливите за очи кои сте ги купиле пред 3-4 години. Исто така, ослободете се од течните производи во кој се појавил талог.

4-shto-bi-trebalo-pod-zadolzhitelno-da-isfrlite-od-vashata-kozmetichka-torba-www.kafepauza.mk_

4. Четките за шминкање

Немојте да ги чувате старите козметички сунѓерчиња и четки кои се распаѓаат. Четките за шминкање кои моментално ги користите, секогаш чистете ги редовно за да спречите насобирање на бактериите.

5-shto-bi-trebalo-pod-zadolzhitelno-da-isfrlite-od-vashata-kozmetichka-torba-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар