Шотови од млеко и колачиња

Изненадете ги вашите најмили со овој вкусен и забавен десерт

Шотови од млеко и колачиња

Потребни состојки:
  • 220 грама маргарин (или растително масло во цврста состојба)
  • 65 грама шеќер
  • 100 грама кафен шеќер
  • 1 голема жолчка од јајце
  • 2 лажички екстракт од ванила
  • 200 грама сенаменско брашно (просејано)
  • ½ лажичка сол
  • 180 грама чоколаден чипс
  • 2 чоколади за готвење
  • 350 мл млеко
  • 1 ½ дополнителна лажичка екстракт од ванила
Начин на подготовка:
  1. Загрејте ја рерната на 180 степени и премачкајте ги калапите за колачињата со масло.
  2. Во голем сад, измешајте ги заедно маргаринот, обичниот и кафениот шеќер. Додадете ги жолчката и екстрактот од ванила и потоа мешајте сè додека тие целосно не се соединат. Полека додадете ги брашното и солта и мешајте додека повторно не се соединат сите состојки. Додадете го чоколадниот чипс и распределете го подеднакво низ целата мешавина. Тестото во овој момент би требало да биде малку кршливо.
  3. Формирајте ги „чашките“ од колачиња во калапот, така да што ќе ги направите нивните ѕидови со ширина од околу 6-7 милиметри. Оставете ги да се оладат од 20 до 30 минути пред да ги ставите во рерната.
  4. Печете околу 20 минути или сè додека колачињата не добијат кафена боја. Потоа тргнете ги од рерната и оставете ги целосно да се оладат.
  5. Стопете ги чоколадата за готвење и полека сипете ја растопената смеса по ѕидовите на секое колаче. Оставете го неколку минути да се олади. За крај, измешајте го екстрактот од ванила со млекото и сервирајте го во внатрешноста на секое колаче – шотче.

0-shotovi-od-mleko-i-kolachinjakafepauza.mk


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар