„Shamrock Shake“ – Смарагден милкшејк од ментол

Вкусен милкшејк инспириран од Денот на Свети Патрик

„Shamrock Shake“ - Смарагден милкшејк од ментол

Потребни состојки за 3 чаши:
  • 500 мл сладолед од ванила
  • 250 мл млеко
  • 1/2 лажичка екстракт од ментол
  • 1/4 лажичка зелена боја за храна
  • Шлаг пена и зелени чоколадни трошки (по избор)
Начин на подготовка:

Додадете ги сладоледот, млекото, екстрактот од ментол и бојата за храна во блендер. Вклучете го блендерот на голема брзина и оставете го да работи сè додека мешавината не стане хомогена. Сипете го готовиот милкшејк во чаши и по ваш избор декорирајте со шлаг пена и чоколадни трошки. За најдобар вкус сервирајте го веднаш по подготовката.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар