Сè уште ја барате вашата среќа? Можеби Господ сака прво да научите нешто за себеси...

Сè уште ја барате вашата среќа? Можеби Господ сака прво да научите нешто за себеси…

Можеби не се наоѓате на она место во животот, на коешто планиравте да бидете во 20-тите, 30-тите или 40-тите години, бидејќи Господ ве учи дека не можете да продолжите да го живеете вашиот живот според очекувањата коишто ги има општеството, вашите родители или пак, ги имате самите вие.

Сè уште ја барате вашата среќа? Можеби Господ сака прво да научите нешто за себеси...

Можеби лекцијата којашто морате да ја научите е дека треба да се ослободите од сите очекувања, да заборавите на сите временски рамки и да престанете да фантазирате дека до одредена возраст морате да бидете поуспешни од другите луѓе или дека морате постојано да сте физички и психички спремни за сè што се случува во вашиот живот.

Можеби сè уште сте сингл, бидејќи Господ се обидува да ве научи на поинаков вид љубов, на пример онаа којашто им ја давате на вашите пријатели, на семејството, во работата или на самите себеси.

Можеби сака да научите како да живеете исполнето без да ја имате постојаната гаранција, утеха и потврда од партнерот. Можеби Господ знае дека вашиот животен пат е исполнет со многу патувања, себе-истражување и постојано движење, па врзувањето со партнер нема да биде соодветно за вас. Можеби се обидува да ве научи како да чекорите пред да почнете да трчате.

Можеби се обидува да ве научи на истите лекции одново и одново, бидејќи Тој сака да ја научите уметноста на повторните обиди, уметноста на неоткажувањето, уметноста на учењето да живеете со разочарувањата и препреките, бидејќи тие секогаш ќе ве следат во животот.

Можеби Господ се обидува да ве научи дека не треба да го сфаќате животот премногу сериозно. Можеби лекцијата упатена кон вас е да уживате во животот онаков каков што е, наместо да си поставувате крајни рокови за остварување на вашите цели. Можеби, животот е безвременски и неминлив и ние едноставно треба да го прифатиме како таков.

Можеби чекањето е само збор, којшто означува дека треба да напуштите некој или нешто и да продолжите понатаму со животот. Сфатете го тоа како Господ да ви дава знак да оставите нешто, без да се грижите за последиците коишто ќе следуваат од таквата одлука, бидејќи Тој ќе ве награди со нешто уште подобро во иднина.

Можеби Тој не сака да бидете толку опседнати со временски рамки и начинот на којшто другите луѓе ве доживуваат. Можеби Тој сака да се ослободите од сите овие илузии и фантазии коишто ги имате за самите себеси и да научите како да живеете спокојно во реалниот свет.

Можеби пак, Тој ве принудува да почекате бидејќи колку подолго чекате, толку повеќе ќе го цените она што ќе го добиете на крајот. Колку подолго чекате, толку подолго ќе го зачувате она што Тој ќе ви го подари. Можеби Тој едноставно сака да не бидете неблагодарна личност, туку сака да ги вреднувате даровите коишто ќе ви ги испрати, а планира да го стори тоа во моментот кога ќе знае дека вие сте подготвени да се погрижите добро за нив.

Можеби Господ сака да сфатите дека сите временски рамки се измислени од страна на луѓе коишто имаат тврдокорни замисли и идеали, луѓе коишто живееле во различни околности од вас, луѓе коишто никогаш не ве ни запознале и луѓе коишто водат поинаков живот од вашиот. Можеби Господ едноставно сака да сфатите дека сите овие временски рамки и рокови не се однесуваат на вас, бидејќи не биле измислени за вас.

Можеби Господ сака да сфатите дека вашиот живот никогаш нема да биде совршен и никогаш нема да тече според план, а вие морате да се обидете да го сакате и него и животот, без разлика на тоа.

Можеби Тој ве подучува да чекате, бидејќи сака да знаете дека не можете секогаш да имате контрола врз вашиот живот, без разлика колку и да се обидувате, бидејќи тоа е Негова, а не ваша работа.

Прочитајте ги и овие моќни цитати кои ќе ве подигнат кога енергијата во вашето тело ви е на најниско ниво.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар