Само за момци: 8 начини да им пристапите на девојките без притоа да оставите лош впечаток

Само за момци: 8 начини да им пристапите на девојките без притоа да оставите лош впечаток

Во последно време, многу се зборува за сексуалното вознемирување. Многу жени почнаа јавно да говорат за нивните негативни искуства. Некои момци реагираа бурно на сето ова, бидејќи сметаат дека во денешно време не се знае што е прифатливо, а што не кога станува збор за флертувањето. Момците не знаат како да им пристапат на жените без да бидат обвинети за сексуално вознемирување. Сепак, и покрај недоразбирањата, несомнено е дека постои јасна граница помеѓу флертувањето и сексуалното вознемирување. Во продолжение прочитајте како да им пристапите на непознатите девојки, без притоа да оставите лош впечаток…

Само за момци: 8 начини да им пристапите на девојките без притоа да оставите лош впечаток

1. Не почнувајте со коментар за нивниот физички изглед

Жените се човечки суштества, а не сексуални објекти. И жените го сакаат сексот, но тоа не е на нивната листа на приоритети. Ако ѝ пристапите на некоја девојка со тоа што ќе го искоментирате нејзиниот физички изглед, таа ќе помисли дека телото е единственото нешто што сте го забележале кај неа и дека само сакате да ја однесете во кревет. Тоа веднаш ќе ја натера да заземе заштитнички став. „Имаш прекрасни очи“ е излитена реченица која не функционира повеќе.

2. Внимавајте на нивниот говор на тело

Ова не е толку тешко колку што си мислите. Ако девојката се повлече и се оддалечи од вас, тоа значи дека не се чувствува пријатно и треба да ја оставите на мира! Доколку има ставено слушалки, тоа исто така значи дека ѝ треба простор и дека не сака да разговара со никого. Знаците се очигледни, само треба да им обрнете внимание.

3. Доволно е да бидете директни и да почнете со обично „Здраво“

Ова можеби ви звучи премногу едноставно, но понекогаш наједноставните решенија се и најдобрите. Трикот лежи во тоа да бидете навистина дружељубиви. Ова функционира, бидејќи се работи за природен начин да се започне разговор и не претставува закана.

4. Не заборавајте на правилата за обично муабетење

Ова можеби ви звучи здодевно, но на тој начин ќе ја наведете да поразговара со вас, па затоа вреди да се жртвувате. Фокусирајте на она што ви е заедничко моментално: Изложбата што ја посетувате, местото каде што се наоѓате, па дури и временските услови. Ваквите секојдневни теми ќе ви помогнат да започнете пријателски разговор, колку и да ви звучат здодевно.

Само за момци: 8 начини да им пристапите на девојките без притоа да оставите лош впечаток

5. Во ред е да бидете нервозни, но неприфатливо е да бидете полни со себе

Сосема разбирливо е доколку не можете да ја скриете вашата нервоза кога ѝ пристапувате на некоја девојка. Никој нема да ви замери поради тоа, дури може и да биде симпатично. Но, немојте да бидете полни со себе и да се однесувате како да сте ги освоиле сите жени на кои сте им пристапиле. Тоа нема да ви помогне да оставите позитивен впечаток.

6. Немојте да го претворате флертот во некаква цел

Сакате да започнете разговор со некоја личност, а не да освоите награда. Девојките се човечки суштества исто како и сите останати момци со кои секојдневно комуницирате. На жените им е одбивно кога знаат дека се предметот на нечии желби. Но, го почитуваат тоа кога ги сметате за луѓе кои се можеби интересни и вреди да се поразговара со нив. Размислувајте за ова на следниов начин: Вашата цел нека не биде да влезете во нечии гаќички, туку да дознаете нешто што ќе ја издвои таа личност од останатите.

7. Разговарајте со неа како да е обичен човек

Еден интересен трик: Немојте да им пристапувате на девојките со реченици што не би ги употребиле на друг маж. Сигурно првото нешто што би му го кажале на непознат маж не би било „Ми се допаѓаат твоите очи! Многу се убави“. Разговарате со човек. Однесувајте се нормално, бидете љубезни и не бидете арогантни.

8. Бидете реални

Најверојатно нема да ја запознаете љубовта на вашиот живот на улица или во автобус. Таквите работи се случуваат само на филмовите. Најдобро е да ѝ пристапите на девојка која веќе подолго време ве интересира, ја гледате на факултет, во теретана или на некое друго заедничко место. Постојат големи шанси дека убавината не е единственото нешто што сте го забележале кај неа, туку дека има и други работи што ве привлекле. На тој начин, ќе имате што да кажете и нејзе нема да ѝ претставува проблем да разговара со некого кого го видела претходно. Само немојте да ја следите и зјапате со недели.

Доколку сѐ уште не знаете како да им пристапите на девојките кои ве интересираат, прочитајте го овој прирачник за изгубени момци.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар