Сакате да бидете милионери? Погледнете како да го постигнете тоа!

Сакате да бидете милионери? Погледнете како да го постигнете тоа!

Според Џон Возик, тајната за станувањето милионер се крие во математиката и навиките. Токму затоа тој ги открива овие едноставни начини со чија помош и вие можете да станете милионери…

Сакате да бидете милионери? Погледнете како да го постигнете тоа!

1. Штедете од 10 до 15 проценти од вашата плата (или повеќе)

Колку повеќе штедите, толку побрзо ќе станете милионери. Едно 12-годишно истражување покажало дека оние кои штеделе околу 14% од својата плата во просек заштедувале и до 12.000 евра годишно. Доколку ги земете предвид каматите, само во тој период тие заштедиле околу 150.000 евра.

2. Инвестирајте во акции

Милионерите имаат многу пари бидејќи постојано ги вложуваат во акции ширум светот. Акциите ви даваат приходи и дивиденди, вие сте платени бидејќи сте инвеститор и преземате ризици со своето вложување. Истражувањето покажало дека оние кои имале 75% од своите пари врзани за акции и фондови, нивната заработка секоја година растела за 8,75%.

3. Не подигнувајте готовина

Вашата сметка не треба да биде доживувана како касичка во форма на прасе ниту пак, како фонд за итни случаи. Стрпете се сè додека вашите пари значително не се зголемат.

4. Уплатувајте во сопствен пензиски фонд

На страна од она што веќе го плаќате за пензискиот фонд, добро е и сами да се погрижите за ова. Од секоја плата издвојувајте мала сума која ќе оди токму за таа цел и погрижете се да не ги користите тие пари сè додека не се пензионирате.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар