Рецепт за вкусна чоколадна торта со кикирики која не се пече

Рецепт за вкусна чоколадна торта со кикирики која не се пече

Не пропуштајте го нашиот рецепт за вкусна и едноставна торта која не се пече. Се подготвува многу брзо, а нејзиниот вкус нема да ве остави рамнодушни!

 Рецепт за вкусна чоколадна торта со кикирики која не се пече

Потребни состојки:

  • 200 грама бисквити
  • 100 грама кикирики
  • 100 грама путер
  • прстофат сол
  • 1 банана
  • 150 грама чоколадо
  • 300 грама крем сирење
  • 100 грама шеќер во прав
  • 300 милилитри павлака
  • бело чоколадо за декорирање

Начин на подготовка:

1. Во тава на тивок оган пропржете околу 100 грама кикирики, посолете ги и сомелете ги во блендер.

2. Здробете ги бисквитите (околу 200 грама). Во посебен сад измешајте ги бисквитите и кикириките, а потоа додадете го растопениот путер.

3. Префрлете ја смесата во калап за печење и добро распоредете ја.

4. Во меѓувреме изматете 200 милилитри павлака со 100 грама шеќер во прав.

5. Во друг сад изматете 300 грама крем сирење, додадете ги павлаката и шеќерот во прав и продолжете со матење сè додека смесата не се изедначи.

6. Нанесете од кремот врз смесата во калапот.

7. Исечете ја бананата и додадете ја врз кремот. Додадете уште крем.

8. Растопете го чоколадото на пареа и додадете околу 100 милилитри павлака. Прелијте ја добиената смеса врз колачот.

9. Додадете го остатокот од кремот, па прелијте го со остатокот од растопеното чоколадо. Можете да го декорирате колачот со трошки од бело чоколадо. Оставете ја тортата во фрижидер да отстои неколку часа пред послужување. На здравје!

Откако го прочитавте нашиот рецепт за брза чоколадна торта со кикирики, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за брз германски колач од чоколадо и бисквити кој не се пече.

Извор: atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар