Рецепт за највкусните медени срца што некогаш сте ги пробале

Рецепт за највкусните медени срца што некогаш сте ги пробале

Ако ви треба идеја за новогодишен десерт, дојдовте на вистинското место!

recept-za-najvkusnite-medeni-srca-shto-nekogash-ste-gi-probale

Потребни состојки:
  • 3 јајца
  • 300 грама шеќер
  • 2 супени лажици свинска маст
  • 3 супени лажици мед
  • 1 кафена лажичка сода бикарбона
  • 1 кесичка цимет во прав (адаптирајте според вкус)
  • 300 грама брашно
Начин на подготовка:

Одвојте ги белките од жолчките и изматете ги со цел да добиете шлаг пена, а потоа додајте им ги и жолчките, заедно со шеќерот, маста, сода бикарбоната, циметот и брашното (по овој редослед). Во почетокот можете да матите со миксер, но како што ќе го додавате брашното, така ќе ви станува потешко, па ќе мора да преминете на рачно месење.

Кога тестото ќе биде подготвено, поделете го на 4 дела и секој дел развлечете го до дебелина од 5 милиметри за да ви биде полесно едно по едно, со калап во форма на срце, да ги одвојувате медените колачиња. Кога ќе одвоите, поставете хартија за печење во тепсија и наредете ги едни до други, без притоа да се допираат.

Рерната треба претходно да биде загреана на максимум 200 степени (температурата може да се модификува во зависност од вашата рерна). Печете околу 5 минути, но внимавајте, бидејќи во некои рерни колачињата можат да бидат готови и за помалку од 3 минути. Кога ќе завршат, почекајте неколку минути да се оладат, за полесно да ги отстраните од хартијата за печење.

Ако сакате повеќе видови десерти на вашата трпеза, ви ги препорачуваме и овие новогодишни колачиња со ванила и бадеми!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар