Рецепт за есенска пита со печурки: Ќе му се допадне на целото семејство!

Рецепт за есенска пита со печурки: Ќе му се допадне на целото семејство!

Не пропуштајте го нашиот денешен рецепт за вкусна пита со печурки!

Рецепт за есенска пита со печурки: Ќе му се допадне на целото семејство!

Потребни состојки за тесто:

  • 150 грама брашно
  • 115 грама путер
  • 60 грама кисела павлака
  • 60 милилитри вода
  • 2 лажици свежо исцеден сок од лимон
  • 1 јајце
  • полномасно млеко
  • прстофат сол

Потребни состојки за филот:

  • 450 грама шампињони
  • 225 грама шитаке печурки
  • 45 грама тврдо козјо сирење
  • 4-5 гранчиња мајчина душица
  • 2 чешниња лук
  • 1 лажица путер
  • 1 лажица екстра девствено маслиново масло
  • ½ кромид
  • 1 гранче рузмарин
  • сол и бибер по желба

Начин на подготовка:

1. Измешајте го брашното со малку сол, па додадете ги коцките изладен путер. Со прстите втријте го путерот во брашното додека не добиете смеса што наликува на влажен песок.

2. Во посебен сад измешајте вода, павлака и сок од лимон, па добиената смеса истурете ја во брашното и путерот. Убаво мешајте додека состојките не се соединат.

3. Добиената смеса префрлете ја на малку набрашнета површина и размесете ја смесата со раце додека не добиете мазно тесто.

4. Покријте го тестото со фолија и оставете го во фрижидер еден до два часа да се излади.

5. Подгответе го филот: Загрејте го маслиновото масло во голема тава и пропржете ги тенко исечените шампињони и шитаке печурките. Пржете околу 4 до 6 минути додека печурките не почнат да добиваат златно-жолта боја. Додадете сол и бибер.

6. Во тавата додадете путер, кромид, гранчиња мајчина душица и рузмарин. Промешајте и динстајте сè заедно уште три до пет минути.

7. Додадете ситно сечкан лук и пржете уште една минута.

8. Исклучете го шпоретот и оставете ја смесата за пита да се излади.

9. Изладеното тесто развлечете го во круг со дијаметар од 30 сантиметри на набрашнета површина. Ако тестото е премногу ладно и тврдо, оставете го да омекне неколку минути на собна температура. Ако тестото е премногу меко, ставете го во фрижидер пет до десет минути.

10. Во изладената смеса за пита додајте парчиња тврдо козјо сирење и сè рамномерно распоредете по средината на развлеченото тесто. По работ на растегнатото тесто оставете три до четири сантиметри слободен простор.

11. Преклопете го преостанатиот раб од тестото над смесата. Намачкајте го работ на тестото со мешавина од едно јајце и една лажица полномасно млеко.

12. Вака подготвената пита со печурки печете ја во загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 40 до 50 минути, односно додека питата не се испече до крај и додека не добие златно-кафена боја.

13. Оставете ја питата да се излади десет минути пред да ја послужите. Добар апетит!

Откако го прочитавте нашиот предлог за вашето денешно мени, можеби ќе сакате да го прочитате и унгарскиот рецепт за супа со печурки.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар