Рецепт за добар почеток на денот: Зелено холивудско смуди за убавина, здравје и добра линија

Одлична замена за појадок кога сте во брзање, а сакате да добиете утринска доза здравје, убавина и енергија додека истовремено позитивно влијаете на нашата линија

Рецепт за добар почеток на денот: Зелено холивудско смуди за убавина, здравје и добра линија

Потребни состојки:
  • 350 милилитри вода
  • 340 грама зелка, исечкана
  • 3, 4 стапчиња целер
  • 125 грама спанаќ
  • 1 јаболка, излупена, исчистена од семки и исечкана
  • 1 круша, излупена, исчистена од семки и исечкана
  • 1 банана, излупена
  • Половина лимон, исцеден
Начин на подготовка:

Обидете се да користите органско овошје и зеленчук. Добро измијте ги сите состојки, исечкајте ги и ставете ги во блендер заедно. За само неколку секунди ќе добиете вкусен и здрав пијалак.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар