Рафаело торта: Десерт од вашите соништа

Торта која целосно ќе ви го освои срцето

(2) Рафаело торта: Десерт од вашите соништа

Потребни состојки:
За кората:
  • 140 грама брашно
  • 130 грама кафеав шеќер
  • 100 грама исушен кокос
  • 125 грама несолен путер, стопен
  • Прстофат сол
За филот:
  • 400 милилитри млеко од кокос
  • 80 грама кокос, изрендан
  • 200 грама бело чоколадо, ситно исечкано
  • 50 грама маскарпоне
  • 60 грама шеќер во прав
  • 85 грама цреши
За декорација:
  • 80 грама кокос, изрендан
  • 2,3 цреши

(3) Рафаело торта: Десерт од вашите соништа

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 10 степени и премачкајте го садот за готвење со дно кое може да биде отстрането со путер. За да ја направите кората на тортата, измешајте ги брашното, кокосот, кафеавиот шеќер, солта и стопениот путер. Мешајте сè додека не се соединат целосно и потоа рамномерно поставете ја смесата во садот за готвење. Печете 12 – 15 минути, или сè додека не добиете златна кора, а потоа тргнете ја настрана да се олади и ставете ја во фрижидер додека не ви притреба повторно.

За да го направите филот, сипете го кокосовото млеко заедно со 80-те грама изрендан кокос во тенџере со средна големина и варете на тивок оган. Гответе 30 – 40 минути или сè додека кокосот не го впие целото кокосово млеко и не заборавајте повремено да мешате. Потоа додадете го белото чоколадо и мешајте сè додека не се стопи и соедини целосно, па префрлете ја мешавината во друг сад, покријте ја површината и ставете ја во фрижидер додека не се олади.

Откако мешавината ќе се олади, изматете ги маскарпонето и шеќерот во прав, па додадете ги заедно во мешавината со чоколадо и кокос. Одвојте 1/4 од филот и разнесете ја рамномерно на кората, па наредете ги врз неа црешите. Покријте со останатиот дел од филот и на крај, сипете го и останатиот изрендан кокос.

(4) Рафаело торта: Десерт од вашите соништа

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар