Сè што треба да знаете за нападите од кучиња

Сè што треба да знаете за нападите од кучиња

Секој знае дека кучињата се најдобриот пријател на човекот, но и тие не се секогаш пријателски настроени. Пред сè, кучињата се животни со животински инстинкти, па дури и „добро“ куче може да нападне човек ако се случи нешто погрешно. Па доколку се најдете во ваква ситуација, овие едноставни правила ќе ви помогнат да ги избегнете штетните последици.

Ако кучето не напаѓа, но е агресивно

Работи што треба да ги знаете доколку сте нападнати од куче

Говорот на телото на кучињата може да ви каже многу. Ако ушите му се залепени за главата и изгледа како да ‘ржи, најдобро е да се држите што е можно подалеку за да не предизвикате напад. Но, што да правите ако тоа не успее?

1. Не обидувајте се да го смирите кучето или да му се насмевнувате. Животните различно ја прифаќаат насмевката. Додека за нас значи пријателство и радост, за кучето значи покажување заби и предизвикување.

2. Избегнувајте директно гледање во очи и игнорирајте го кучето. Кога-тогаш тоа ќе престане да ви обрнува внимание и ќе можете да се опуштите. Едноставно, колку повеќе анксиозност покажувате, толку поголеми се шансите за напад.

3. Ако има некој околу вас побарајте помош, но направете го тоа нежно и не го повишувајте гласот.

4. Не мавтајте со стапче и не користете спреј за самоодбрана. Ова може да го направи кучето уште поагресивно.

5. Повлечете се бавно, но не вртете му го грбот на кучето. Подобро движете се странично за да можете да ја гледате реакцијата на кучето. Не обидувајте се да трчате! Кучето ќе ве брка и сигурно ќе ве стигне.

Ако кучето нападне

Работи што треба да ги знаете доколку сте нападнати од куче

Животните секогаш напаѓаат со причина, но нивните причини не се многу очигледни за нас. Обично кучињата напаѓаат ако се гладни или ако ја штитат нивната територија или малечките. Ако и покрај сè кучето ве нападне, овие совети ќе ви се најдат.

6. Не викајте му на кучето, дури и ако не знаете што друго да правите. Ова ќе го разгневи уште повеќе.

7. Ако имате ултрасонично свирче за бркање кучиња, искористете го.

8. Ако кучето тргне кон вас, обидете се да му ја покриете главата со јакна или џемпер кога ќе ви се доближи. Потоа поставете предмет како дрво или клупа помеѓу вас, па дури и качете се на дрво. Кучето нема да може да ве следи таму.

9. Фрлете ја чантата или кој било предмет настрана за да му го одвлечете вниманието на кучето. Можеби прво ќе го нападне предметот и ќе ви даде време да избегате.

10. Покријте го вратот со вашите раце. Ова е најранливиот дел од човечкото тело. Ако веќе мора да бидете каснати, најбезбедно е на подлактницата или потколеницата.

11. Ако кучето ве касне, немојте да се повлекувате. Со ова само ќе ја влошите повредата. Наместо тоа удрете го кучето по носот или очите. Доколку можете, фатете му ги задните нозе и подигнете го.

12. Искористете ја вашата тежина и притиснете го кучето на земјата со вашите колена и лакти. Кучињата можат да касаат, но не можат да се борат. Ќе го сопрете животното додека да се појави помош.

13. Понекогаш можете да бидете нападнати не од едно, туку од група кучиња. Главните правила би биле истите како горе, само не им дозволувајте на кучињата да ве опколат. Обидете се да застанете со грбот до некој ѕид. Немојте никако да бегате бидејќи ќе ве бркаат.

Што да правите ако сте каснати?

Работи што треба да ги знаете доколку сте нападнати од куче

Ако кучето ве каснало, веднаш морате да се погрижите за раната.

14. Исплакнете ја раната со сапун и вода, и на крај со алкохол.

15. Не е важно дали ве каснало улично или домашно куче, мора да посетите болница.

16. Најверојатно ќе добиете вакцина за беснило. Ќе добиете околу 6 инјекции во стомакот или рамото.

17. Според статистиката, луѓето се инфицирани од беснило од кучиња во 99% од случаите. Првите симптоми се јавуваат 30 до 50 денови по каснувањето. Потребно е да се вакцинирате против беснило во рок од две недели, во спротивно последиците можат да бидат фатални. Не постои лек против беснило, само мерки на претпазливост.

18. Вирусот на беснило може да се пренесе на многу начини, а не само преку каснување. Понекогаш само неколку капки од плунката на животното на вашата кожа можат да ве инфицираат. Поради ова никогаш не треба да им дозволувате на непознати кучиња да ви ги лижат рацете или лицето.

Добро е да ги знаете и овие совети и трикови за преживување опасни ситуации.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар