Пржени јаболка со цимет

Пржени јаболка со цимет

Есенска гозба… прсти да излижеш

Пржени јаболка со цимет

Потребни состојки:
  • Две јаболка со средна големина исечени на кришки
  • 2 супени лажици путер
  • Мешавина од шеќер и цимет во прав (кога ги мешате шеќерот и циметот соодносот нека биде 4:1)
  • 50 г кафеав шеќер
  • 1 супена лажица пченкарно брашно измешано со 2 супени лажици вода
Начин на подготовка:
  1. На вжештена тава растопете го путерот. Со растопениот путер прелијте ги јаболката. Врз смесата наросете од мешавината од шеќер и цимет по вкус. Смесата ставете ја на оган во тава за печење и повторно наросете од шеќерот и циметот.
  2. Покријте ја тавата и редовно замешувајте додека јаболката не омекнат. Со виљушка проверете колку се меки јаболката.
  3. Додајте го и кафеавиот шеќер и добро промешувајте додека сè не се истопи. Разделете ги јаболката и стопениот шеќер на две страни од тавата. Врз стопениот шеќер додајте ја смесата со пченкарно брашно и мешајте многу брзо. Така смесата со шеќрот и пченкарното брашно ќе се згусне. Вратете ги јаболката и измешајте ги заедно.
  4. Тргнете ја тавата од оган и сервирајте.

Пржени јаболка со цимет

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.