Пролетта пристигна: 4 модели на фустани што одговараат на сечија градба

Пролетта пристигна: 4 модели на фустани што одговараат на сечија градба

Постојат неколку модели на фустани што прекрасно стојат на сите видови тела. И верувале или не, нема да зборуваме само за црни модели. Немојте да се плашите да експериментирате со боите бидејќи само така можете да ги откриете оние што ќе направат да изгледате беспрекорно. Во продолжение ви претставуваме неколку идеи за инспирација – одберете ја вашата омилена и уживајте во топлите пролетни денови!

1. Фустан-кошула

Токму овој модел владее со модната сцена уште од лани. Преку ноќ дамите се заљубија во овој женствен фустан кој може да се носи на работа, но и за посвечена пригода. Покрај тоа, неверојатно е удобен поради материјалот од којшто е направен, па затоа и нема да ве спречи да ги завршувате дневните обврски без никаков проблем. Ако додадете каиш, ќе ги истакнете вашите облини и вашето тело ќе изгледа подобро од кога било порано.

2. Фустан на преклоп

Еднобојни, со точки или со животински дезен – овие фустани никогаш нема да излезат од мода. Без разлика на моделот што ќе го одберете, вие едноставно нема да згрешите. Благодарение на овој секси модел, секоја жена се чувствува одлично во него. Самиот дизајн вешто ги крие сите недостатоци на женското тело, додека истовремено ги нагласува облините.

3. Фустан со миди должина

Вашата висина воопшто не е важна за овој модел. Без разлика дали постојано ве прашуваат дали сте професионална кошаркара или сте најниските во вашето друштво, фустанот со миди должина одлично ќе изгледа на вас. Овој тренд е моментално во подем, па искористете го колку што можете повеќе!

4. Црн фустан

И за крај, мора да го спомнеме класичниот црн фустан што може да се одбере во буквално секој модел и да се носи во сите прилики. Не за џабе се вели дека овој фустан е кралица во модниот свет – не постои ниту една жена која нема барем една верзија од него во својот шкаф. Па, ако сте расположени за потрадиционален изглед, овој модел е најдобриот за вас!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар