Професиите од соништата постојат и тие се одлично платени

Професиите од соништата постојат и тие се одлично платени

Дали сакате професионално да ја стилизирате храната или да дегустирате вина? Погледнете ги најинтересните професии кои се бараат во светот и со кои можеби и вие ќе сакате да се занимавате. Па зарем има ли некој кој не би сакал да дегустира сладоледи и за тоа да зема 60.000 долари годишно?

Професиите од соништата постојат и тие се одлично платени

1. Техничар кој ги крева работите во воздух – 150.000 долари годишно

Оваа личност е задолжена да ги крева во воздух сите потенцијални опасни работи и објекти кои сѐ уште не експлодирале. За да се искачат на скалата на успехот, треба да поседуваат одредени квалификации кои не е тешко да се добијат.

2. Хеликоптерски пилот за далеководи – 101.000 долари годишно

Работата се состои од летање покрај далеководи и проверување на нивната исправност и функционалност со помош на камера која е прицврстена на самото летало. Природно, за оваа работа треба да имате соодветно образование, но добрата вест е што во Америка можете да добиете пилотска дозвола ако поминете 2.000 часа во воздух.

3. Пилот/управувач со воздушен балон – 70.000 долари годишно

Можете да летате со балон во текот на целиот ден и сѐ што ви треба е само една пилотска дозвола.

4. Работа во областа на синхронизација – 80.000 долари годишно

Синхронизација на реклами, анимирани филмови… Не ви се потребни никакви посебни квалификации, иако постојат курсеви за правилно акцентирање, дикција и изговор, воопшто.

5. Играч на видео игри – 50.000 долари годишно

Независно дали се работи за тестирање на новите видео игри или помагање на другите играчи да стигнат до следното ниво, сѐ што ви е потребно за оваа работа е љубовта кон гејмерската индустрија.

6. Автор на крстозбори – 70.000 долари годишно

Правењето крстозбори за весниците на прв поглед можеби изгледа лесно, но станува збор за една навистина комплицирана работа за која е потребно многу време и трпение да ја совладате.

7. Дегустатор на сладоледи – 60.000 долари годишно

Личноста која се бави со оваа работа треба да има некакво искуство во светот на кулинарството, а не само да биде љубител на сладоледи, бидејќи треба да го оцени вкусот, текстурата, мирисот и другите елементи на овој вкусен десерт.

8. Дегустатор на вино – 51.000 долари годишно

Треба да знаете да им препорачате на клиентите различни вина. Потребен е и курс, но и долгогодишно искуство, но потоа следат патувања и дегустација на најфините вина ширум светот.

9. Стилист за храна – 77.000 долари годишно

Професијата вклучува подготовка и стилизирање на храната за списанија и реклами. Условот е страста кон храната и креативноста, но и естетскиот пристап. Предност при вработувањето ќе имаат личностите кои имаат завршено соодветно образование или посетувале кулинарски курсеви.

10. Етички хакер – 140.000 долари годишно

Овој тип хакери се ангажирани од страна на владите и компаниите за да се одбранат од другите хакери. Природно, потребни ви се високо образование и искуство во ИТ секторот.

11. Главен офицер за прислушување – 140.000 долари годишно

Доколку ве привлекува шпионажата, тогаш не правете го тоа бесплатно. Оваа професија бара следење на социјалните мрежи и пронаоѓање податоци кога и каде се спомнуваат одредени компании кои ќе ве плаќаат. Освен личните склоности, добро би било доколку имате соодветни квалификации од областа на маркетингот и искуство со работа на социјалните медиуми.

12. Инженер на трки – 134.000 долари годишно

Оваа личност служи како главен комуникатор помеѓу тркачките автомобили и возачите. За оваа работа ќе ви биде потребно добро познавање на математиката и физиката, поконкретно диплома од едно од овие две подрачја и докажано искуство.

13. Лик од анимиран филм од Дизни – 32.000 годишно

Доколку не ви е проблем да се облечете како некој лик од анимираните филмови од Дизни и да парадирате цел ден, тогаш ова е вистинската работа за вас. Потребни ви се конкретни физички предиспозиции и карактеристики, како висина и изглед, но и комуникација со децата.

14. Холивудски каскадер – 100.000 долари годишно

Ако ова ве интересира, тогаш бидете подготвени на тепачки, бегање од експлозии и живеење во голема опасност. Но, дури и со одличната физичка издржливост, сепак мора да поминете низ обуката за каскадери.

15. Дизајнер на градини во филмовите – 84.000 долари годишно

Доколку ја сакате природата и имате око за уредување на зеленилото, а со тоа и поседувате уметнички таленти и основно познавање на филмот и градинарството, тогаш можете добро да заработите ако ја изберете оваа професија.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар