Прочитајте го ова доколку животот ви е неподнослив

Прочитајте го ова доколку животот ви е неподнослив

Понекогаш животот може да биде навистина лош. Живееме во период кога е неверојатно лесно да се споредите со другите, без разлика дали на социјалните мрежи или според начинот на којшто ги гледате туѓите животи. Кога минувате низ тежок период, ништо не ви изгледа фер.

Прочитајте го ова доколку животот ви е неподнослив

Одеднаш, станувате свесни за сè што ве опкружува. Гледате колку им е лесно на луѓето да минуваат покрај вас. Колку им е лесно да се смеат и да продолжат со нивните животи. Вашиот внатрешен свет можеби се распаѓа. Можеби се гушите во празнотијата на вашето постоење, а никому не му е грижа за тоа.

Но дури и ако им е, тие не го искусуваат истото нешто како и вие. Вашето страдање е ваше и само ваше. Битката што ја водите со сè погрешно е само ваша.

Можете да си го одвлечете вниманието. Одете на сладолед. Спијте. Испијте некоја чашка повеќе. Ќе можете да го избегнете собирањето на чувствата, но очајот никогаш нема да избледи. Не ви се прави ништо. Летаргични сте. Вашиот живот е во застој, сè додека не можете да се соочите со очајот. Сè додека не го прифатите фактот дека да, животот не е фер.

Без разлика колку не го заслужувате она што ви се случило, сепак се случило. Ве повредува и ве уништува. Ви ја руши самодовербата и верувањата и мислите дека полудувате. Нема да бидете истата личност. Како можете да останете истата личност кога сте успеале да го надминете сето тоа?

Сте станале посилни. Сте го нашле најсилното оружје што постои – одлуката да продолжите напред. Животот е тешка луда железница, која не се качува нагоре пред да се спушти надолу. Без разлика колку длабоко ќе паднете, ќе бидете различни поради тоа. Не подобри, туку различни. Таа разлика ќе ве однесе подалеку и ќе ви открие патишта за кои не сте ни знаеле дека ви требаат.

Сè се случува со причина. Секој застој ќе ви даде ресурси кои ќе ве однесат на нов пат. Животот може да биде неподнослив, но сепак е ваш живот. Тоа е уникатен живот што не му припаѓа на никој друг. Она што се случува во вашиот живот, секогаш ќе биде правилното нешто за вас.

Погледнете и зошто е добро да ви се распадне животот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар