Природното менување на сексуалната ориентација со стареењето

Како што старееме, така почнуваат да се појавуваат работи кои се менуваат без разлика на нашите досегашни потреби или желби. Во текот на созревањето може да сфатите дека она што претходно сте го барале кај партнерот повеќе не ви е потребно. Ова дури може да значи и дека сакате партнер од спротивниот пол кој претходно ве привлекувал.

kako-se-menuva-seksualnata-orientacija-so-tekot-na-vremeto-i-zoshto-e-toa-normalno-kafepauza.mk

Но не грижете се, нема потреба од паника. Иако може да се изненадите ако почувствувате промена во вашата сексуална ориентација, всушност ова се случува многу почесто одошто мислите. Не е ретко луѓето да сфатат дека се привлечени од друг пол со текот на годините. Сосема нормално е да еволуира вашиот сексуален идентитет, заедно со вас. Вие созревате како личност и се менувате, а со тоа се менуваат вашите сексуални желби и потреби.

Според психологот доктор Џенел, сексуалниот идентитет е многу повеќе од тоа да бидете 100% хомосексуалци или 100% хетеросексуалци. Наместо тоа, сексуалниот идентитет е димензионален и постојано се менува, а вие, во одреден период од вашиот живот, можете да се најдете на различни места од неговиот спектар. Се разбира, вашата позиција во овој спектар може драстично да се промени со текот на времето.

Сексуалноста не е изрежена во камен. Дури и ако кога сте биле помлади ве привлекувал еден пол, вашите сексуални потреби ќе се менуваат и ќе бидат флуидни во текот на целиот живот. А во некои случаи може целосно да се променат.

Во нејзината книга „Сексуална флуидност“ (Sexual Fluidity), професорката по психологија Лиса М. Дајмонд истражувала 80 нехетеросексуални жени во текот на 10 години. Таа открила дека многу од овие жени се вљубиле во припадник на спротивниот пол, и покрај тоа што претходно биле привлечени од женскиот пол.

Иако оваа промена нема да им се случи на сите, може да биде навистина збунувачко за оние кои го искусуваат тоа. Особено ако се декларирале како само хетеросексуалци или само хомосексуалци. Но, доктор Џенел вели дека ова е сосема нормално и дека не треба да се фокусирате на ознаките.

Ако личноста која ве привлекува сега, не била на вашата стара листа, тоа не е причина да не направите ништо. Фокусирајте се на оној кој го барате и она што ви е потребно во врската. Дајте си време да одредите што ви е потребно од партнерот наместо да се грижите за неговиот пол или вашата сексуална ориентација.

Вашиот сексуален идентитет нема врска со правилата за тоа кој пол го сакате. Тоа едноставно е поврзано со вљубувањето во некого. Без разлика дали се идентификувате како геј или стрејт, кога ќе почувствувате нешто за некого има причина за тоа. А тоа нема врска со полот или вашата сексуална ориентација. Изгледа луѓето се навистина слепи кога станува збор за љубовта. Па, дозволете му на вашето срце да ви го покаже патот и да ве води.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар