Придржувајте се до овој принцип и ќе ја одржите љубовта со вашата сродна душа вечно успешна и здрава

Придржувајте се до овој едноставен принцип и ќе имате вечно здрава и успешна врска со вашата сродна душа

Сигурно познавате некои парови коишто се во долга врска и изгледаат како да се сродни души бидејќи едноставно кажано, знаат како да функционираат заедно. Нормално, меѓу нив постои силна природна хемија којашто им помага да останат постојано заљубени и среќни, но ако ги анализирате малку подлабоко, ќе откриете дека има многу повеќе од тоа. Сродните души постојано инвестираат во нивната врска и заедничка среќа, така што постојано шират љубезност и добрина.

Придржувајте се до овој принцип и ќе ја одржите љубовта со вашата сродна душа вечно успешна и здрава

Малите, навидум незначајни добри дела како што се велењето „ти благодарам“ кога партнерот ќе ви помогне околу домашните обврски или оставањето на телефонот подалеку од масата додека заедно вечерате, се основата за среќна заедничка иднина.

Применувањето на принципот „возвраќање на добрината“ носи долготраен успех кај врските на сродните души. Овој принцип подразбира многу повеќе од ширење позитивна карма во врската и реципроцитет. Во романтична, долготрајна љубовна врска ваквите внимателни и обѕирни гестови се токму тие што ја негуваат и одржуваат врската, а целото градење на односот започнува првенствено на психолошко ниво.

Така, кога ќе започнете врска со вашата сродна душа, искуството без разлика колку е навидум едноставно и позитивно, голема е веројатноста дека ќе му предизвика одредено ниво на стрес на вашиот мозок. Можеби на пример, сте имале обичај да се опседнувате со секоја порака што ќе ви ја испрати тогашниот нов партнер или сте чувствувале нервоза во вашиот стомак, пред да излезете на вашите први заеднички состаноци.

Но, кога вашата конекција ќе почне да се зајакнува и ќе почнете да се чувствувате стабилно во врската, вашиот мозок ќе биде награден со чувство на љубов.

Љубовта го поттикнува лачењето на допамин – хормонот на среќа, којшто ги стимулира циклусите за наградување на мозокот. Во оваа фаза, започнувате да ја поистоветувате љубовта што ја чувствувате кон вашата сродна душа, со чувство на еуфорија и на тој начин ги деактивирате нервните патишта, коишто се одговорни за негативните емоции, како што се стравот и грижата.

Придржувајте се до овој принцип и ќе ја одржите љубовта со вашата сродна душа вечно успешна и здрава

Згора на тоа, овие топли и збунувачки емоции што ги чувствувате за вашата сродна душа воедно поттикнуваат лачење на хормоните окситоцин и вазопресин. Првиот е одговорен за зближувањето и социјалните интеракции, како што се на пример заедничките спомени, а вториот поттикнува чувства на приврзаност.

Кога комбинирано се лачат окситоцинот и вазопресинот, овие хормони формираат длабоки чувства на љубов, конекција и обврзаност спрема вашата сродна душа. Оваа хемиска врска е основата за успех на вашата врска на долг рок.

Како резултат на тоа давање и примање љубезни гестови и добри дела, вие овозможувате кај себе и вашата сродна душа постојано да се лачат овие хормони, кои од своја страна ги зајакнуваат длабоките, позитивни љубовни чувства што ги имате еден за друг, без разлика колку време сте заедно. Ваквите постапки, треба да ви станат редовна активност, доколку сакате да ја одржите вашата врска здрава на долг рок.

Имајте на ум, дека не се работи за ШТО ќе направите за партнерот, поважно е ЗОШТО го правите. Без разлика дали сте ѝ направиле на вашата девојка кафе без да ве праша или сте го земале костимот на вашиот сопруг од хемиско чистење за да му заштедите време, важни се сите мали или големи гестови коишто придонесуваат да останете постојано заљубени. Ова однесување, во суштина е исто како во почетните фази од врската, кога правите безброј работи за вашиот партнер, чисто онака без да го побара тоа од вас. Во понатамошните фази од врската, применувањето на принципот „возвраќање на добрината“ е принцип којшто подразбира постојано вложување и труд.

Придржувајте се до овој принцип и ќе ја одржите љубовта со вашата сродна душа вечно успешна и здрава

Па, ако сте подготвени да инвестирате во иднината на вашата љубовна врска, треба активно да барате начини да ја поддржувате вашата сродна душа и да правите повеќе, одошто таа очекува од вас. Воедно, не ја потценувајте моќта којашто ја имаат почитта и благодарноста. Редовното облевање на партнерот со пофални зборови и почитување на неговите постапки, помага да се зајакне оваа здрава навика.

Ако започнете да ја применувате оваа практика на слободно давање и примање љубов во вашата врска и последователно на тоа, почнете да го чувствувате лачењето на сите тие хемикалии коишто прават да се чувствувате добро, ова ќе ви постане новото нормално однесување во вашата врска коешто ќе ви овозможи посреќна и поздрава врска во иднина. Пред да заврши секој ден, не заборавајте да го примените овој едноставен принцип со вашиот партнер и започнете да ги чувствувате придобивките од него. Никогаш не можете да знаете, колку една едноставна позитивна промена може да ви го промени животот и врската на долг рок, сè додека не започнете да ја практикувате на дневна основа.

Прочитајте ги и овие 11 знаци кои покажуваат дека вие и вашиот поранешен партнер сте сродни души.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар