Придобивките од аргановото масло

Придобивките од аргановото масло

Користено со векови за лекување рани, кожни инфекции, навлажнување на кожата и одржување на нејзиното здравје, ова „течно злато“ има моќ да се бори со акни, дијабетес, болести на срцето и црниот дроб, па дури и со ракот. Аргановото масло не само што е добро кога се користи надворешно, туку има и неверојатни придобивки доколку го консумирате. Антиоксидансите ги има во аргановото масло повеќе отколку во кое било друго растително масло.

pridobivkite-od-arganovoto-maslo-kafepauza.mk

Од каде доаѓа аргановото масло?

Маслото се прави од дрвото арган во Мароко. Центарот, или семката на аргановото овошје се крши и нејзината внатрешност се притиска за да се извлече маслото. Оваа работа е напорна и потребно е многу време.

Постојат два вида масло: Козметичко и масло за исхрана

Постојат два вида арганово масло – едниот може да се јаде, а другиот е направен само за надворешна, козметичка употреба. Секој вид се произведува различно. За маслото кое се јаде, семките прво се печат, па потоа се вади маслото од нив. Тоа може да се додава во салати и зеленчук. Исто така може да се користи и за готвење, но не е добро за долго пржење.

Козметичката верзија најчесто се користи како навлажнувач на кожата и за коса. Често е состојка на кремите за лице и тело. За негово производство, семките се притискаат свежи, а не печени.

Кои се придобивките од аргановото масло?

1. Акни и други проблеми со кожата

Аргановото масло ги намалува воспаленијата на кожата, како што се акните и егземата. Неговата употреба ги обновува и оксидира клетките на кожата.

2. Го подобрува здравјето на црниот дроб

Истражувања покажале дека консумирањето арганово масло го штити црниот дроб од болести. За време на тестовите кои предизвикувале нарушувања кај црниот дроб, аргановото масло го регулирало производството на инсулин.

3. Го спречува ракот

Полно со антиоксиданси, аргановото масло помага во намалувањето на туморите и другите канцерогени израстоци. Исто така штити и од рак на кожата.

4. Лекува рани и изгореници

Аргановото масло го забрзува процесот на заздравување и ја спречува појавата на инфекции. Едно неодамнешно истражување спроведено на жртви со изгореници од втор степен, покажало дека пациентите кои биле третирани со арганово масло, закрепнале многу побрзо.

5. Ја подмладува кожата

Изложувањето на УВ зраци може да го забрза оштетувањето на кожата. Користењето арганово масло ја поттикнува обновата на клетките на кожата и го спречува појавувањето на дамки и лузни. Аргановото масло ја прави кожата поеластична и помазна.

6. Го подобрува кардиоваскуларното здравјето

Масните киселини во аргановото масло помагаат при намалување на лошиот холестерол, со ова спречувајќи ги срцевите удари и болести.

Како да го внесете аргановото масло во вашата дневна рутина?

1. Навлажнувач на кожата

Ставете една капка масло на вашата рака и нанесете ја на рацете, нозете, вратот и лицето. Повеќе внимание обрнете на грубите делови, како лактите и колената. Можете со многу малку масло да го поминете целото тело.

2. Регенератор за коса

Во зависност од должината на вашата коса, користете една или две капки што ќе ги втриете во косата, почнувајќи од скалпот. Можете да го нанесете и само на испуканите врвови за да ги навлажните.

3. Додаток во храната (само маслото наменето за јадење!)

Користете го наместо другите масла, во салати, преливи, сосови, па дури и во макала.

Постојат ли несакани последици од употреба на арганово масло?

Аргановото масло се добива од јаткаст плод, па ако имате алергија на кој било од овие плодови, бидете внимателни. Секогаш правете тест за алергија на мал дел од вашата кожа пред да почнете со употреба на маслото.

Каде да го најдете и колку чини?

Аргановото масло се произведува само во Мароко и не е евтино. Тешката работа која ја бара неговото производство доаѓа со цена. 50 милилитри масло обично се продава за 35 евра за козметичка употреба, и 100 евра за 3 литри масло кое се јаде.

Но, имајте на ум дека ќе потрошите многу повеќе за други козметички препарати во обид да ги постигнете истите резултати. А овие препарати обично се полни со хемикалии кои постепено се таложат и насобираат во вашето тело.

Маслото можете да го најдете во добро снабдените парфимерии и во аптеките.

Како да се осигурите дека купувате вистинско арганово масло?

Ако е евтино, не е арганово масло. На амбалажата треба да пишува дека производот е 100% арганово масло и треба да биде мазно, а не многу мрсно на допир. Исто така може да се забележи и некаков талог на дното на шишето.

Како да го чувате аргановото масло?

Вистинското арганово масло има краток животен век: 24 месеци за козметичкиот вид, и само 12 за маслото за јадење. Најдобро е да го чувате во стаклено шише, настрана од сончева светлина.

Арганово наспроти масло од чајно дрво, кое да го одберете?

Друго масло со многу придобивки е маслото од чајно дрво. Тоа е одлично во борбата против акни и помага при заздравувањето на раните. Додека е многу поевтино од аргановото, јакоста и силната арома на маслото од чајно дрво не можат сите да ја поднесат. Исто така, маслото од чајно дрво е само за надворешна употреба. Ова масло може да предизвика некои несакани ефекти како иритација и отоци, сувост на кожата, чешање и боцкање.

Погледнете и кои природни масла се добри за вашето лице.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар