Превкусна зашеќерена торта со јаболка

Здрав и сладок десерт за целото семејство. Искористете ги јаболката кои оваа сезона ги има во изобилие.

Превкусна зашеќерена торта со јаболка

Потребни состојки:
  • 250 г брашно
  • 250 г кафеав шеќер
  • 3 кафени лажички цимет
  • 280 г путер (исечен на коцки)
  • 1,3 кг есенски јаболка (сочни и кисели)
  • 100 г шеќер
  • 2 супени лажици пченкарен скроб
  • Шеќер во прав (по потреба)
Начин на подготовка:
  1. Во блендер ставете го брашното, кафеавиот шеќер и две кафени лажички цимет. Изблендирајте ја смесата додека состојките не се соединат. Додајте ги и коцките путер и продолжете да блендирате додека на површината не почнат да излегуваат малечки меурчиња.
  2. Дел од смесата налејте во „прстен“ тава каде може да ги отворите страните по печењето. Остатокот од смесата ставете го во сад со средна големина. И садот и тавата оставете ги во фрижидер да се оладат, најмалку 20 минути. Во меѓувреме загрејте ја рерната на 180˚.
  3. Излупете ги јаболката, исечете ги на средина, исчистете ги и исечете ги на кришки.
  4. Извадете ги тавата и садот од фрижидер. Тавата поставете ја врз плех за печење обложен со алуминиумска хартија. Доколку немате ваква тава може да користите и обична округла тава, обложена со хартија за печење.
  5. Исечените јаболка ставете ги во еден сад и зачинете ги со шеќерот, пченкарниот скроб и 1 кафена лажичка цимет, така што добро ќе наросите од сите состојки. Откако јаболката ќе почнат да го впиваат шеќерот, внимателно почнете да ги ставате врз смесата од тавата подготвена за печење. Како што ги ставате парчињата јаболка, лесно притискајте ги и ставете колку што можете повеќе. Може нема да ги употребите сите јаболка, но ставете доволно, оставајќи место за уште еден слој од смесата. Потоа смесата од садот налејте ја врз јаболката.
  6. Тавата ставете ја во рерна и печете околу 1 час и 15 минути, додека тестото добие златна боја. Извадете ја тавата од рерната, со нож поминете по краевите на тавата и почекајте тортата целосно да се олади.

За сервирање исечете ја тортата на парчиња и врз секое од парчињата наросете шеќер во прав по ваша желба.

Превкусна зашеќерена торта со јаболка


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар