Препорачано од нутриционистите: Освежителни и здрави летни пијалаци кои морате да ги пробате!

Препорачано од нутриционистите: Освежителни и здрави летни пијалаци кои морате да ги пробате!

Хидратацијата во текот на летото е една од најважните работи за правилно функционирање на нашиот организам. Овие пијалаци, кои можете да ги направите сами, како што се ароматизирана вода, леден чај или некои цедени сокови, се совршени за летните денови. Тие се добро разладени, обезбедуваат добра хидратација на организмот, збогатени се со витамини и минерали и секако, без адитиви и конзерванси. Исто така, тие се одлична замена за тетрапак соковите и газираните сокови кои се полни со шеќери, разни адитиви и кои може да допринесат до дебелеење.

3 рецепти од страна на нутриционистите: Освежителни летни пијалаци кои мора да ги пробате!

Овие ладни пијалаци се подготвуваат со обична или минерална вода, некои чаеви, парчиња свежо овошје, но и разни додатоци, како што се цимет, ѓумбир и слично. Овие три рецепти се препорачани од нутриционистите за ова лето, а вие секогаш може да направите и свои комбинации.

1. Пијалак кој може да се консумира во текот на тренингот, но и потоа

Тој му овозможува одлична хидратација на организмот и му ја дава потребната енергија, помага на работата на мускулите, поради магнезиумот кој го содржи, ја подобрува концентрацијата, го намалува уморот и има одличен вкус.

Потребни состојки:
  • 230 милилитри минерална вода збогатена со магнезиум
  • 1 цеден портокал
  • 70 грама аронија
  • 1 лажичка мед.
Начин на подготовка:

Состојките се мешаат и по потреба овој пијалак може да се олади.

3 рецепти од страна на нутриционистите: Освежителни летни пијалаци кои мора да ги пробате!

2. Освежувачки ладен пијалак, одличен за патување

Поради нането и ѓумбирот кои ги содржи, овој леден чај ја ублажува мачнината во текот на патувањето.

Потребни состојки:
  • 230 милилитри чај од нане (најдобро домашно подготвен)
  • Половина лимон, исцеден
  • 1 лажичка мед
  • 1 кафена лажица изрендан ѓумбир
Начин на подготовка:

Откако ќе се измешаат сите состојки, се остава пијалакот да се олади. Исто така, може да се исечат неколку парчиња лимон и да се стават неколку листови нане за појак вкус.

3-3-recepti-od-strana-na-nutricionistite-osvezhitelni-letni-pijalaci-koi-mora-da-gi-probate-www.kafepauza.mk_

3. Пијалак за подобрување на крвната слика

Доколку имате проблеми со анемија, секојдневното консумирање на овој пијалак ќе ви помогне, плус ќе ве разлади и освежи.

Потребни состојки:
  • 230 милилитри чај од коприва
  • 1 цеден портокал и половина лимон
  • 70 грама аронија
  • 1 лажичка мед
Начин на подготовка:

Како и претходните рецепти, така и за овој треба да ги измешате сите состојки. Аронијата и копривата одлично го подигнуваат нивото на железо во крвта, а витаминот Ц од портокалот и лимонот помага за апсорпција на железото. Покрај тоа, овој пијалак е доста вкусен и лесно се подготвува.

4-3-recepti-od-strana-na-nutricionistite-osvezhitelni-letni-pijalaci-koi-mora-da-gi-probate-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар