Прекумерното грижење влијае на вашето ментално здравје

Прекумерното грижење влијае на вашето ментално здравје

Размислувањето за непријатните и болни искуства е природно. Покрај сѐ, тоа може да ви помогне да научите од нив. Сепак, понекогаш овие моменти може да станат многу голем проблем. Кога постојано се потсетувате на нив и го анализирате секој детаљ, имате ризик да добиете поголеми нервози, да бидете збунети, па дури и депресивни. Ако веќе имате преземено чекори за да го намалите нивото на стрес, но сѐ уште чувствувате дека сте заглавени во вашите грижи, постојат неколку вештини за справување со ваквата состојба, со кои ќе можете да ја вратите контролата на вашето емоционално здравје.

Прекумерното грижење влијае на вашето ментално здравје

Прекумерното размислување може да доведе до депресија и други здравствени проблеми

Доволно болно и непријатно е постојано да бидете загрижени за нешто, но, за жал, оваа навика може да придонесе за уште повеќе здравствени проблеми, затоа што постојаното потсетување на спомените и болните настани станува зависно и опасно. На пример, вашиот претпоставен може да ви прави притисок да извршите некоја задача, професорот прави да се чувствувате непријатно за време на некое предавање или пак сте имале расправија со вашиот пријател, па си ги повторувате сцените во вашата глава со денови, недели, па можеби дури и месеци.

Ваквото постојано размислување ви носи ризик за развивање депресија, алкохолизам, нарушување во исхраната па дури и кардиоваскуларни болести. Постојаното страдање ви поттикнува негативно размислување, па може да ја наруши и вашата способност за решавање проблеми. Првиот чекор кој треба да го направите во вакви ситуации е да си признаете дека сте заробени во еден непријатен круг каде што длабокото размислување не ви носи ништо добро. Потоа, можете да ги преземете сите неопходни чекори за да се ослободите од тоа.

Прекумерното грижење влијае на вашето ментално здравје

Како да го прекинете кругот на постојаното размислување

Најдобриот начин да прекинете со постојаното длабоко размислување и анализирање е да најдете начин за забава. Истражувањата покажале дека и една кратка, неколку минутна забава е доволна за да го прекине циклусот на размислувањето и да го намали лачењето на хормонот на стрес. Сѐ што ќе ве поттикне да се сконцентрирате на нешто друго, ќе ви биде од голема помош, без разлика дали тоа е гледање некој филм, работење, играње игра на вашиот телефон и слично. Исто така, едноставните прошетки во природата се доста корисни за да ја спречите депресијата. Кога истражувачите од Стендфорд го измериле нивото на прекумерно размислување во една група на учесници кои шетале 90 минути во урбана средина и друга група во природа, резултатите биле јасни. Прекумерното размислување било намалено кај групата која имала прошетка во природа, додека пак останатата група не покажала никакви промени. Според истражувачите, природните околини нудат поголема психолошка корист бидејќи природата нуди смиреност.

Признајте ја ситуацијата, а потоа продолжете напред

Медитацијата исто така е добар механизам за справување со постојаното прекумерно размислување. Кога ќе препознаете дека ви доаѓа вознемирувачка мисла, признајте ја, а потоа нежно оттргнете ја, при што полесно ќе може да се справите со грижите. Што и да правите, бидете љубезни кон себе и сфатете ја тежината на проблемот.

Како што е потребна соодветната лична хигиена, така е потребно да практикувате и „емоционална“ хигиена. Не дозволувајте да ве обземат едни исти и депресивни мисли, затоа што тие се вашата најголема пречка за да продолжите понатаму. Сфатете го проблемот, размислете и учете од грешките!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар