Правила за патување: Преживејте го одморот со партнерот без да раскинете

Правила за патување: Преживејте го одморот со партнерот без да раскинете!

Летото е одличен период за патување со саканиот/ата. Искусувањето нови и различни градови и создавањето нови спомени е здраво за вашиот однос. Исто така, тоа е еден тест за потенцијалот на вашата врска. Ако спиете на неговото рамо и тоа му се допаѓа, тогаш можеби можете да преминете на следниот чекор.

0-pravila-za-patuvanje-prezhivejte-go-odmorot-so-partnerot-bez-da-raskinete-kafepauza.mk

ШТО ДА ПРАВИТЕ:

1. Бидете флексибилни

Вашиот партнер треба да биде некој на кој треба да му дозволите да ве познава и со кого можете да бидете она што сте и во најдоброто, но и во најлошото издание. Иако понекогаш немате исти интереси и би сакале да одите според вашиот план, некогаш треба да ги земете во обѕир и чувствата на партнерот. Така, „мојот план“ треба да стане „наш план“ и „ние“ да стане поважно од „јас“. Од есенцијална важност е да правите компромис ако сакате да избегнете кавга во врската. Не го наметнувајте својот став, но сепак искажете го.

Совет плус: „Мислам дека би било забавно да одиме на вечера на оваа локација и потоа да одиме на овој концерт. Што мислиш ти?“ – ова е одличен пример за тоа како треба да изгледа вашата комуникација.

2. Предложувајте

Освен флексибилноста, важно е да понудите предлози кои би му се допаднале на партнерот. Искористете шанса за уште подобро да се запознаете и зближите преку истражување идеи за интересни места на кои би можеле да одите. Иако тоа звучи како нешто што мажите би го правеле, не е на одмет и жените да смислат понекој интересен состанок. Плус, најдобрите сопруги и девојки знаат како да бидат креативни и се спремни да му помогнат на своето момче/сопруг во планирањето.

3. Понудете финансиска помош

Мажите ќе сакаат да бидат кавалери и постојано да плаќаат за вашата вечера, соба, излегувања или какви било други активности во кои учествувате вие, а се плаќаат. Да, на овој начин тој ќе се чувствува баш како маж и со ова сака да ви каже дека се грижи за вас, но сепак и самите знаете дека станува збор за преголем трошок. Освен тоа, ако барем повремено не го почестите со еден сладолед или вечера, не ги поделите сметките за бензин или нешто друго, тој ќе помисли дека сте себични и разгалени. Дури можете да го доведете во прашање потенцијалот за следниот чекор од врската.

Барем одвреме-навреме почестете го со нешто за да не остане целосно без пари и да знае дека не излегува со претенциозна девојка. Докажете му дека сакате да бидете третирана како дама, но дека сте независни и дека сакате да правите убави работи за него.

1-pravila-za-patuvanje-prezhivejte-go-odmorot-so-partnerot-bez-da-raskinete-kafepauza.mk

ШТО ДА НЕ ПРАВИТЕ:

1. Не пакувајте се премногу

Огромен број девојки сакаат со себе на одмор да ги понесат сите квалитетни бјути продукти и безброј модни комбинации. Сепак сме девојки, зар не? Но, потребен е баланс. Кога патувате со вашето момче или сопруг секогаш имајте на ум дека колку повеќе продукти за коса, лосиони, штикли и различни кремови носите, толку повеќе ќе изгледате како да барате многу внимание. Ако не сте во брак, ова дури може да ви ја загрози врската. Мажите сакаат средени девојки, но не и такви кои ќе поминат четири часа пред огледало само за да изгледаат фантастично. Дури, поголема е веројатноста дека ќе сака да се ожени со девојка на која ѝ е потребно само малку шминка и слатко фустанче отколку колекција на бјути продукти и цел плакар.

Секако дека ќе сака да изгледате убаво и да вложите малку труд во изгледот, но преголемото внимание посветено на изгледот може да го натера да се запраша со каква девојка излегува. Имајте на ум дека не треба да се пакувате ни премалку – спакувајте го она што навистина ви е потребно. 7-те пара Џими Чу можете да ги оставите дома и да добиете неколку екстра поени за тоа.

2. Не се отуѓувајте од вашиот партнер или група со која патувате

Дури и на најекстровертните луѓе понекогаш им е потребен одмор од луѓето или човекот со кого патуваат. Тоа е во ред, но има разлика помеѓу едно излегување и целиот одмор да го поминете сами. Во ред е да ви е потребно време за да размислите и да поминете време сами, но сепак сте донеле одлука да патувате со таа личност. Освен вашите чувства, треба да размислувате и за нивните т.е. да не ги повредите.

Бидете блиски со партнерот – затоа и тргнавте на ова патување, нели? Ако ви е потребно малку време и простор сами направете го тоа додека спие. Пешачете, истуширајте се или правете некоја трета активност за која би сакале да сте сами. Ама без разлика што правите, не го исклучувајте партнерот од сите останати активности. Тој ќе се почувствува непожелно и вашиот одмор ќе тргне по надолна линија, а тоа не е нешто што би го сакале, нели?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар