Прашања што ќе ве замислат и целосно ќе ја променат вашата перспектива на животот

Прашања што ќе ве замислат и целосно ќе ја променат вашата перспектива на животот

Со помош на овие прашања вие ќе можете подобро да сфатите како функционира вашиот потсвесен ум. Можеби на прв поглед ќе ви делуваат едноставно, но тие всушност можат да имаат практични ефекти врз вашиот живот. Всушност, доволно е само да ги одговорите за да надминете одредени проблеми со кои некое време се борите. Не постојат „точни“ и „неточни“ одговори. Едноставно одговорете си искрено, без премногу размислување и целиот свет ќе ви се промени…

(2) Прашања што ќе ве замислат и целосно ќе ја променат вашата перспектива на животот

1. Колку стари би мислеле дека сте ако не ја знаевте вашата возраст?

2. Што е полошо, доживување неуспех или да не го прифатите предизвикот?

3. Ако животот е толку краток, зошто би сакале да го поминете во правење толку многу нешта што не ги сакате, а толку малку нешта што ги сакате?

4. Ако работата заврши и сè е веќе кажано и сторено, на што сте потрошиле повеќе време – на работа или на зборување?

5. Ако би можеле да промените едно нешто во светот, што би било тоа?

6. Ако среќата беше пари, каква работа би работеле за да се збогатите?

7. Дали правите нешто во што верувате или пак, само се обидувате да верувате во тоа што го правите?

8. Ако знаевте дека ќе живеете само до 40 години, што би промениле во животот за да го искористите времето во целост?

9. До кој степен го контролирате тоа што ви се случува во животот?

10. Што ви е поважно, да ги правите нештата правилно или да правите правилни нешта?

11. Ако би можеле да му дадете на мало дете само еден совет за животот, што би бил тој?

12. Дали би го скршиле законот за некој што го сакате?

13. Што правите во животот за да се издвоите од другите луѓе?

14. Зошто нештата што ве прават вам среќни, не ги прават и останатите луѓе среќни?

15. Што е тоа што отсекогаш сте сакале да го направите, а никогаш не сте се осмелиле?

Прашања што ќе ве замислат и целосно ќе ја променат вашата перспектива на животот

16. Што е тоа што ве спречува да го направите тоа што отсекогаш сте сакале?

17. Дали се држите за нешто што одамна требаше да го пуштите?

18. Ако некој ви понуди шанса засекогаш да се преселите во друга држава, дали би прифатиле и зошто?

19. Дали го притискате копчето за лифтот повеќе од еднаш со надеж дека побрзо ќе дојде?

20. Зошто вие сте вие?

21. За што сте најблагодарни?

22. Дали вашиот најголем страв некогаш се остварил?

23. Кој ви е најсреќниот момент од детството и зошто?

24. Ако не сега, тогаш кога?

25. Ако некој ви даде милион евра, дали ќе дадете отказ од вашата работа?

26. Ако сите што ги познавате умрат утре, кој би го посетиле за последен пат?

27. Што е разликата помеѓу живот и постоење?

28. Ако учите од грешките, зошто ви е толку тешко да ги направите?

29. Кога последен пат сте си го чуле срцебиењето?

30. Кое е најважното ветување кое некогаш сте си го направиле себеси?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар