Поврзете се со вашите духовни водачи и обезбедете си вечен пријател

Поврзете се со вашите духовни водачи и обезбедете си вечен пријател

Замислете покрај себе да имате вечен пријател, некој кој секогаш ќе биде тука за вас, кој ќе ве охрабрува да ги следите вашите соништа и да ги остварите вашите цели. Некој кој ќе има интуиција, ќе може да предвидува и кој ќе ве знае доволно вас и светот во кој живеете. Тој или таа би можеле да ве водат, да ви дават совети и да ви помагаат на кој било начин. Звучи прекрасно, зар не? Можеби не сфаќате, но во моментот има личности кои сакаат да ја играат оваа улога. Повеќе од нив се подготвени да ви бидат вечен пријател само што ќе ги повикате. Дали сте подготвени? Следете ги овие чекори кои ќе ви помогнат да се поврзете со вашиот духовен водач.

Поврзете се со вашите духовни водачи и обезбедете си вечен пријател

1. Соберете го вашиот тим

Прво, најважно е да ги утврдите условите и верувањата со кои ќе го опишете овој пријател, со цел да се чувствувате удобно. Без разлика дали ќе се одлучите да го гледате овој пријател како повисоко ниво на вашата личност, вашиот дух, Универзум, Бог, енергија, ангел чувар или интуиција, одберете го зборот кој ви е најпријатно да го користите. Со што или со кого се чувствувате удобно кога сте поврзани? Со што или со кого најмногу сакате да се поврзете?

2. Повикајте ги

Откако еднаш ќе одлучите со што или со кого сакате да комуницирате, истите треба да ги повикате. Дајте им до знаење дека сакате да бидат наоколу и дека ги слушате нивните пораки, насоки, инспирација и интуиција. Направете го ова во момент кога сте одморени и опуштени. Затворете ги очите, замислете го оној кому му зборувате и кажете му дека сте подготвени. Не е важно дали сте го изговориле ова на глас или само сте си го помислиле. Тоа ќе се реализира.

3. Одвојте време за да комуницирате со нив

Треба да се чувствувате слободни да ги повикате вашите водачи секогаш кога ќе ви бидат потребни насоки. Постојат многу тивки моменти во текот на денот кои се одлични за да го направите ова поврзување. Не постои правилен или погрешен начин на кој можете да го направите ова, туку сѐ што треба е да се чувствувате удобно со самите себе. Директно поставувајте прашања, кажувајте ги вашите проблеми и предизвикајте ги насоките. Започнете дијалог. Слушајте. Исто така оваа комуникација може да биде или на глас или во вашиот ум, а можете да користите и сопствен дневник каде што ќе ги запишете сите прашања што ги имате. Користете различно пенкало и оставете одговорот да минува низ страниците, без да го поправате. Нека вашата рака го пишува она што го сакате и она што го чувствувате.

Поврзете се со вашите духовни водачи и обезбедете си вечен пријател

Како ќе знаете дали тие ве слушаат?

Длабоко во себе, вие ќе знаете. По одредено време ќе добиете знак или чувство и тоа ќе биде толку јасно што секако ќе го забележите. Откако еднаш ќе го препознаете тој знак, понатаму ќе ви биде полесно. Бидете отворени за она што ви го велат. Можеби ќе бидете целосно изненадени од пораката која ќе ја добиете, но ова во секој случај е добро. Ако е нешто што не сте очекувале да го слушнете, најверојатно е нешто што би требало да го знаете.

Еве неколку знаци кои би можеле да ги забележите:

  • Може да видите јасна слика во вашиот ум.
  • Може да добиете ненадејна инспирација, интуиција или идеја.
  • Може да имате одредена физичка реакција, како чувство во стомакот или боцкање во задниот дел од вратот.
  • Може емоционално да се чувствувате полесно.
  • Може да забележите знаци во реалниот живот, како што се некои симболи или дежа ву искуство.
  • Едноставно може да знаете и тоа да ви биде тешко да го објасните на другите.

Запаметете дека треба да се заблагодарите за тоа што вашиот водич е покрај вас. Обидете се да комуницирате еден месец и забележете што ќе се случи. Никогаш не можете да знаете кој ќе биде покрај вас.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар