Посен колач од јаболка и ореви

Доколку ги следите велигденските пости но немате идеја за десерт, овој колач е совршен за вас

Посен колач од јаболка и ореви

Потребни состојки:
  • 200 милилитри топла вода
  • 100 грама кафеав шеќер
  • 180 грама интегрално брашно
  • 4 помали рендани јаболка
  • 200 грама исечкани ореви
  • 100 грама суво грозје
  • 2 лажици овесни снегулки (или гриз)
  • 1 кесичка прашок за печиво
  • 1 лажичка сода бикарбона
  • Рендана кора од лимон или портокал по желба
Потребни состојки за сируп:
  • 200 грама кафеав шеќер
  • 200 милилитри вода
  • 1 ванилин шеќер
  • Сок од портокал, парчиња лимон и кардамом по желба
Начин на подготовка:

Во сад за мешање ставете ги топлата вода и шеќерот и добро промешајте. Откако ќе се растопи шеќерот, додајте ги ренданите јаболка, шеќерот, брашното, овесните снегулки, прашокот за печиво, сода бикарбона, сувото грозје, оревите и ренданата кора од лимон. Добро измешајте ги состојките и ставете ги да отстојат околу 15 минути.

Во правоаголен калап (најдобро со димензии28х20 центиметри) ставете хартија за печење и наросете 100 грама исечкани ореви. Ставете го тестото во тавата и печете 15 минути на температура од 200 степени. Потоа намалете ја температурата на 180 степени и печете уште 15-20 минути. Оставете го колачот да се излади во тавата и исечете го на коцки. Можете и да го превртите, така што оревите ќе бидат на површината.

Во тенџере измешајте ги водата шеќерот, ванилата и парчињата лимон. Можете да додадете и кардамом, а наместо еден дел вода да додадете малку свежо цеден сок од портокал. Ставете го тенџерето на оган и оставете ја течноста да зоврие. Со врелиот шербет прелијте го колачот во тавата. Оставете го да се излади и послужете.

Пробајте ги и овие одлични посни рецепти без масло.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар