Пом-пом сандали: Весели модели кои можете да ги направите и сами

Летото е период од годината кога на себе носиме најмалку облека, а нозете вообичаено ни се во сандали кои имаат стандарден изглед и многу често, истиот модел ќе го видиме и на некоја друга нога. Доколку сакате да го избегнете секојдневното и да зрачите со своја креативност, можете да најдете инспирација да најдете во популарните пом-пом сандали.
(16) Пом - пом сандали: весели модели кои можете да си ги напаравите сами
Овие обувки, кои летово се вистински хит низ светот, изобилуваат со живописни и разнобојни мали топчиња, кои на едноставните сандали им даваат сосема друга димензија. Меките шарени топчиња кои се додаваат на вообичаените сандали, имаат посебен ефект и тешко дека ќе останете незабележани доколку излезете во нив. Овие модели ѝ даваат душа на секоја модна комбинација, а особено добро одговараат со мини здолништа и кратки фустанчиња, како и со фармерки во пократка должина. Погледнете ја следнава галерија со различни пом-пом сандали, па можеби и вие ќе добиете некоја инспирација да си создадете ваш весел модел.

За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар