Погледнете што кажува мирисот на вашата урина за вашето здравје!

Мирисот на урината е многу важен индикатор за здравјето. Постојат многу супстанции кои влијаат на тоа каква миризба ќе има вашата урина и по нив можете да препознаете дали сѐ е во ред. Урината не треба да има силен мирис, но ако ве потсетува на амонијак, можеби имате уринарна инфекција, камен во бубрегот или едноставно сте дехидрирани.

0-poglednete-shto-kazhuva-mirisot-na-urinata-za-vasheto-zdravje-kafepauza.mk

За жал, голем број здравствени тегоби и промени предизвикуваат силна арома на урината – менопауза, сексуално преносливи болести, нарушен метаболизам и сл. Исто така, таков мирис се развива и од храна со многу протеини.

Уринарна болест со мирис на јаворов сируп – Ова генетско нарушување може да предизвика вашата урина да мириса премногу слатко.

Исхрана – Најчесто аспарагусот предизвикува мирис на зелка или јајца (сулфур). Мирисот предизвикан од аспарагус исчезнува за ден-два.

Дијабетес – Се карактеризира со сладок мирис, или во полош случај, габичен. Во минатото некои доктори дијагностицирале дијабетес така што ја сушеле урината и гледале дали ќе привлече бубачки.

Ако сте здрави вашата урина треба да биде составена од 95% вода и да има слаба арома. Доколку пак почувствувате силен и непријатен мирис, па макар и да немате болки, тогаш паметна идеја е да појдете на доктор. Сепак, подобро е да се спречи, отколку да се лечи.

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзин начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар