Погледнете ја листата на 6-те најпреценети пози во сексот

Пред да ја започнеме листава, треба уште веднаш да ви кажеме дека овие пози ниту се лоши ниту се досадни. Постојат неколку пози кои се навистина интересни, но филмовите и сериите нѐ имаат убедено дека тие се лесни, дека не може да се погреши и дека може да ги правите со кој било, на каков било начин – што не е вистина. Еве кои се тие.

0-poglednete-ja-listata-na-6-te-najpreceneti-pozi-vo-seksot-kafepauza.mk

1. 69

Оваа позиција е одлична во теорија. Всушност, таа се доживува како симбол за бесконечност во оралниот секс, но во реалноста станува збор за две тела кои се обидуваат да го усогласат ритамот и кои мизерно не успеваат во тоа или кога конечно ќе успеат, тоа трае премногу кратко. Не велиме дека оваа поза не треба да постои, но не велиме ни дека треба.

2. Секс под туш

Она што навидум изгледа како секси, буквално жешки оргазми е всушност ситуација во која едната личност мрзне, а другата личност се чувствува како да ѝ врне дожд над главата. Оваа секс поза ветуваше многу, но сепак нѐ разочара.

3. Стоечки секс

Освен ако вашето момче не е изградено од 100% мускули и челик, тој веројатно нема да може да ве додржи доволно долго во воздух, па затоа стоечкиот секс е само серија на постојани прилагодувања и взаемни обиди да фатите нешто – што било – за подобра потпора, што да бидеме искрени, никогаш не може да се постигне.

4. Кучешка поза

Иако и оваа поза изгледа забавно, исто така е многу тешка за постигнување, а сепак притоа да се чувствувате интимно и сакано. Дури и ако имате секс со некој кого премногу го сакате, на крајот пак ќе се чувствувате како да сте куче кое има секс со куче-странец кое не ни рекло „здраво“ на почетокот. Не велиме дека не е забавна, но сепак не е најпријатната поза која постои.

5. Мисионерска

Како пак оваа испадна најкористената поза во сексот?! Не сфаќајте нè погрешно, позата си е супер, но нема потреба апсолутно сите да го почнуваат сексот со неа и таа да биде главната позиција која ја има во сите филмови и серии.

6. Анален секс

Аналниот секс честопати е величан, но всушност потребни се големи прилагодувања за навистина да уживате во него. Не можете да започнете брзо – мора да одите полека и заедно да работите на темпото. Всушност, која било поза не би требало да ја започнувате брзо. Да не спомнуваме дека е потребно еден тон лубрикант – па затоа ако сакате да бидете спонтани оваа поза не е препорачлива. Факт е дека многу луѓе го сакаат, но исто така аналниот секс не е нешто што треба да се глорифицира.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

  1. Anonymous Reply

    Ccc..ocigledno nemate drugi idei

Остави коментар