Подобро од таблети: Рецепт за најстариот лек против менструални болки

Народната медицина некогаш била единствената помош при отстранување на непријатните несакани последици од месечниот циклус

Потребни состојки и материјали:
  • Рицинусово масло
  • Термофор
  • Тенок пешкир или памучна крпа
Начин на подготовка:

Намачкајте го рицинусовото масло на долниот дел од грбот (областа кај јајниците) и тоа во дебел слој. Легнете на стомак, па покријте го мрсниот дел од грбот со тенок пешкир или памучна крпа. Топлиот термофор ставете го над пешкирот/крпата и оставете маслото да делува од 15 до 20 минути. Тргнете го термофорот, а доколку маслото уште не е впиено, оставете ги пешкирот или крпата уште малку да постојат.

Овој лек ќе ги ублажи вашите симптоми на ПМС како што се грчевите и болките во стомакот и грбот.

Дополнителни совети:
  • Ставајте ги облогите исклучиво на грбот бидејќи топлината од термофорот може да биде пресилна за јајниците.
  • Маслото можете да го намачкате и на стомакот, но во тој случај загрејте го само со пешкир или крпа, без термофор, со тоа што ќе го оставите да делува 30-45 минути.

Прочитајте и за овие 5 трикови за ублажување на менструалната болка.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар