Подобрете ги фотографиите од вашите патувања: 5 начини да создадете подобри спомени

Денес, во ерата на социјалните медиуми, тешко е да најдете некој кој не ги споделува своите фотографии од патувањата. Не сите се сликаат секојдневно и поставуваат фотографии онлајн, но скоро сите ги редат своите фотографии од местата каде што биле. Затоа, следниот пат кога ќе заминувате на патување, имајте ги на ум овие 5 совети за да ги подобрите вашите фотографии од патувањето, без разлика дали ќе сликате со нов DSLR фотоапарат или со телефон.

Eiffel tower reflection in camera lenses

1. Имајте уникатен пристап кон фотографирањето

Во ерата на Инстаграм, лесно е да погледнете 100 луѓе кои отишле во истиот град или местото на кое и вие сте тргнале и да се чувствувате како да има „фотографии кои мора да се направат“. Наш совет? Заборавете на сето тоа. Најдоброто нешто што можете да го направите додека патувате е да заборавите на тоа што другите го направиле и да се фокусирате на вашето лично искуство. Затоа, кога фотографирате од вашата уникатна перспектива, вие всушност се тренирате да ги гледате работите поинаку.

1-podobrete-gi-fotografiite-od-vashite-patuvanje-5-nachini-kako-da-napravite-podobri-sliki-kafepauza.mk

Едноставните нешта како фотографирање од ниско гледиште, уникатен агол или фотографирање на изолирани субјекти можат да направат голема разлика во вашата фотографија т.е. да ја подобрат. Запомнете – сакате да го уловите она што сте го виделе и она што вам ви се допаднало, а не на некој друг. Не дозволувајте фотографиите на социјалните медиуми да ви создаваат рамка и правила според кои треба да фотографите.

2. Уловете ги деталите

Секое место има единствени карактеристики по кои се двои од останатите. Малите нешта како знаци на странски јазик или производ кој никогаш претходно не сте го виделе можат да им дадат неодолив шарм на вашите фотографии. Има нешто убаво во уникатноста на новите места, а ако сакате да направите совршена фотографија тогаш пронајдете ги овие разлики.

2-podobrete-gi-fotografiite-od-vashite-patuvanje-5-nachini-kako-da-napravite-podobri-sliki-kafepauza.mk

Кога патувате, внимавајте на она што се издвојува од околината. Не само што тоа ќе ви помогне да ја забележите убавината и уникатноста на новото место, туку и ќе ве натера да ги цените ситните детали кои вообичаено би ги пропуштиле. За да бидете посвесни за нив, почнете да барате типични бои, дезени и дизајнерски елементи. Звучи многу едноставно, но тоа може многу да ви открие за местото кое го посетувате.

3. Намалете го притисокот

Една грешка која скоро сите ја прават е вршењето притисок врз себеси да направат слики од апсолутно сѐ за да имаат 1.000 неверојатни фотографии кои ќе можат истата секунда да ги објават на интернет. Ова ќе ве умори од фотографирање, ќе се вратите дома со илјадници слики кои дури и нема да ви се допаѓаат, ќе потрошите премногу скапоцено време зад објективот наместо да го истражувате местото и сл.

3-podobrete-gi-fotografiite-od-vashite-patuvanje-5-nachini-kako-da-napravite-podobri-sliki-kafepauza.mk

Немојте да мислите дека мора да сликате апсолутно сѐ или да го носите вашиот фотоапарат насекаде со вас. Одвојте време за едноставно да уживате и да се препуштите на моментот. На тој начин, поголема е веројатноста да создадете фотографии кои ви се допаѓаат само затоа што нема да се чувствувате обврзано да сликате „на слепо“. Ако патувате со фотоапарат и плус ја користите камерата на телефонот, (знаеме колку тежи DSLR апаратот) понекогаш оставете го апаратот во хотелот и понесете го само телефонот. Ќе се изненадите колку повеќе ќе уживате и колку повеќе ќе искусите.

4. Имајте познавања за фотоапаратот и основите на фотографијата

Звучи очигледно, но додека трае возбудата поради патувањето, многу од нас ја надградуваат опремата за фотографирање баш пред големото патување. Една од најлошите грешки кои можете да ги направите е да не одвоите време да го научите вашиот апарат пред да тргнете. Одвојте неколку часа за да ги разгледате можностите на апаратот.

4-podobrete-gi-fotografiite-od-vashite-patuvanje-5-nachini-kako-da-napravite-podobri-sliki-kafepauza.mk

Дури и обичните апарати и камерата на паметниот телефон имаат опции како отвореност на блендата и сл. Проучувањето на овие алатки можат да ви го подобрат целокупното искуство. Ако фотографирате со вашиот телефон, селектирајте неколку техники за уредување или филтри уште пред да тргнете. Олеснете си ги нештата колку што можете повеќе така што ќе планирате однапред – последното нешто што би го сакале е да го трошите скапоценото време за да бирате филтри или да барате каде се вметнува мемориската картичка.

5. Мислете на целокупната приказна

Можеби ви се има случено – отворате списание за патувања, гледате одличен едиторијал од некоја прекрасна дестинација и си помислувате „Зошто моите слики не изгледаат вака?“ Она што ги одвојува овие слики од останатите меѓу другото е и тоа што тие раскажуваат приказна за местото. Честопати ќе видите фотографии од типична храна за некој регион, пејзажи од природата, фотографии од локалните жители, детали од хотелот и сл. Вака, читателите можат да ја доживеат целосната приказна.

5-podobrete-gi-fotografiite-od-vashite-patuvanje-5-nachini-kako-da-napravite-podobri-sliki-kafepauza.mk

Користете го овој концепт за вашите слики следниот пат кога ќе патувате за да бидете целосно задоволни од вашите фотографии. Едноставните нешта како фотографирање на бирото во хотелот или некои незначајни графити на ѕид во центарот на градот можат да ги претворат вашите слики од обични во прекрасна кохерентна приказна.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар